Идејата да се смисли пеналот со цел да се даде поправична нота на фудбалската игра, во 1980-та му дошла на Ирецот Вилијам МекКрум кој пеналот го замислил како „најголема казна“ за фаул направен во казнениот простор.
Во четвртфинале на англискиот Куп играле Стоук Сити и Нотс Каунти. Гостите воделе 0-1, Стоук напаѓал да израмни а еден фудбалер на Нотс Каунти одбранил една топка со рака на гол-линијата. Судијата досудил прекин. Во еден момент сите играчи на Нотс застанале во жив ѕид пред својот гол и му попречиле на Стоук лесно да даде гол.
Ова неправда ја убедила фудбалската јавност да ја усвои идејата на МекКрум и правилото било воведено.
Од тој момент којзнае колку пенали ширум светот се изведени...
КОИ СЕ НАЈПОЗНАТИ ПЕНАЛИ?
Рикардо
24 јуни 2004
Четвртфинале на Евро 2004
Португалија - Англија 2:2 (8-7 на пенали)
Ќе почнеме со пенал од голман. На Еврото на кое Португалија играше дома, натпреварот со Англија беше спектакуларен со четири гола и со една долга серија која виде крај кога Рикардо му одбрани пенал на Дариус Васел па потоа го совлада Дејвид Џејмс од пенал со одличен шут за пласман на Португалците во полуфинале.
Пеле
Васко да Гама - Сантос 1:2
Бразилерао 1969
Пенал не како сите други, зошто веднаш по изведувањето и реализацијата, илјадници навивачи, фотографи и новинари влегле на теренот на Маракана за да јубилениот 1.000 гол на Пеле, погодок познат како “O Milésimo”. „Не е тешко да се дадат 1.000 гола како Пеле. Тешко е да се даваат голови како Пеле“, ќе каже поетот До Андраде.
Герет Саутгејт
26 јуни 1996
Полуфинале на Евро 1996
Германија - Англија 1:1 (7:6 на пенали)
Англичаните со години сонуваа финале на својот „Вембли“ и добија шанса на Европското 1996 играно кај нив. По 1-1 со Германија (исто како и во полуфиналето на Италија ’90та), така и сега се изведувале пенали. Клучен бил промашениот на Саутгејт кој ден-денес го споменува тој пенал.
Брајан Руиз Гонзалес
5 јули 2014
Четвртфинале на Светско 2014
Холандија - Костарика 0:0 (4:3 на пенали)
Ова беше интересен момент затоа што холандскиот селектор Луј Ван Гал реши да ги замени голманите во продолженијата. Во игра влезе резервниот Тим Крул а излезе Силесен. Се испостави како прав потег зошто Крул бранеше сјајно и му го одбрани пеналот на најдобриот играч на ривалот Брајан Руиз после што Костарика испадна а Холандија отиде во полуфинале.
Кепа Аризабалага
27 февруари 2022
Ливерпул - Челси
Финале на Карабао Куп 0:0 (11-10 на пенали)
По циркузот кој го направи еднаш со Маурисио Сари кога одби да излезе од игра пред пенал серија, Шпанецот Кепа годинава во финале на Купот Карабао против Ливерпул бранеше добро откако влезе во игра место Менди во 120’ минута пред пеналите, но на крајот требаше тој да шутира последен. И промаши а Ливерпул победи.
Садио Мане
6 февруари 2022
Финале на Куп на Африка
Сенегал - Египет 0:0 (4-2 на пенали)
Голманот на Челси го најде својот момент и во репрезентацијата откако на Сенегал му донесе златен пехар во Купот на Африка. Садио Мане промаши пенал во текот на натпреварот со Египет но потоа во пенал серијата се извади и реализираше.
А Менди му одбрани на Салах за шампионска титула.
Франческо Тоти
26 јуни 2006
Осминафинале на Светско 2006
Италија - Австралија 1-0
Аѕурите под водство на Липи го освоија Мундијалот во 2006-та за огромна радост на сите италијански навивачи. Но пред големото финале едвај совладаа еден тврд орев - Австралија која ги мачеше цел натпревар. Фабио Гросо доби пенал по еден шут во 95’ минута а Тоти ладен ко шприцер го реализираше за четвртфинале.
Лионел Меси
26 јуни 2016
Финале на Копа Америка
Аргентина - Чиле 0:0 (2:4 на пенали)
Доказ дека пенал промашуваат дури и најдобрите на светот. Лео шутираше прв во пенал серијата во финалето на Копа Америка со Чиле и промаши а неговите гаучоси изгубија (интересно и претходната година играа со Чилеанците во финале на пенали и тогаш изгубија).
Меси два пати губеше во финале за конечно во 2021-ва да му се израдува на пехарот во Копа.
Андреј Шевченко
28 мај 2003
Финале на Лига на шампиони
Милан - Јувентус 0:0 (3:2)
Прво и досега единствено се-италијанско финале на Лига на шампиони. Заврши 0:0 па се прејде на пенали. Херој на вечерта беше Дида кој одбрани дури 3 пенали (Трезеге, Залајета и Монтеро).
Историјата ја испиша големиот Шева, последниот изведувач кој го реши Буфон очи во очи и ги фрли навивачите на Милан во транс.
Јержи Дудек
25 мај 2005
Финале на Лига на шампиони 2004/2005
Милан - Ливерпул 3:3 (5:6 на пенали)
Најлудиот меч во историјата на Лига на шампиони. Славните росонери водеа 3:0 на полувреме за црвените од Ливерпул да направат чудо и да израмнат на 3:3 во вториот дел.
На пенали Милан беше во шок па Јержи Дудек бранеше како луд. Клучна беше одбраната на пеналот на Шевченко кога Ливерпул ја освои титулата европски шампион.
Антонин Паненка
20 јуни 1976
Финале на Европско првенство
Чехословачка - Западна Германија 2:2 (7:% на пенали)
Големиот Чехословак, легендарен фудбалер кој го смислил шутот со лоб од пенал поради што овој удар ден-денес е познат како Паненка. Со маестрален потег Антонин го испружи легендарниот Сеп Мајер.
Роберто Баџо
17 јули 1994
Финале на Светско првенство во САД
Италија - Бразил 0:0 (2:3 на пенали)
Со сигурност најпознатиот пенал на сите времиња. За овој пенал се снимени филмови, документарци, серии. Напишани се книги, есеи, романи.
Роби Баџо пред себе имаше пенал кој ако го дадеше, ќе ја продолжеше серијата понатаму. Но промаши, и Бразил славеше светска титула.