180 навивачи на Баерн си изнајмиле авион за дуелот со Реал Мадрид

Кога сфатиле дека карта до Мадрид и назад ќе ги чини 900 евра, 180 навивачи на Баерн Минхен собрани под знамето “Red Bulls Taubenbach” решиле да се организираат сами. Нашле авио компанија која за нив специјално организирала чартер лет кој го платиле 475 евра по лице. Повратна карта. Дојдоа, видоа, издоминираа и си отидоа.

Баерн Минхен после цели 14 години го победи Реал Мадрид и тоа среде „Сантијаго Бернабеу“ со 1-2. Овој тримф беше причина за големо славје на повеќе од 10.000 навивачи на Баерн меѓу кои некои си дошле и со сопствен лет во своја режија:

Издоминираа на терен - издоминираа на трибини:

 

8 април 2026 - 12:29