12-ти играч

Фудбалските клубови на домашен терен имаат помош од навивачите за кои се вели дека се нивни 12-ти играч. Бразилски тим буквално имаше помош од 12-ти играч кој во овој случај беше едно од децата кои ги собираат топките.

На еден од одлучувачките натпревари од локалниот шампионат на бразилската провинција Серхипано, домашниот тим Гуарани против Серхипе имаше помош од 12-ти играч.

Гостите водеа со 0:1 и во последните минути и домашниот голман се пресели пред противничкиот гол, па фудбалерите на Серхипе решија да ја искористат ситуацијата и да ја заверат победата со уште еден гол во небранетата мрежа на Гуарани.

Но едно од децата кои ги собираат топките реши да му помогне на својот тим и го блокираше ударот кон празниот гол.

Детето веднаш побегна, а судијата реши да означи крај на натпреварот со актуелниот резултат 0:1.

2 април 2012 - 11:07