
Играат ФСВ Франкфурт и СВ Елверсберг, резултатот е 1:1, а до крај има уште 12 минути.
Резултатот на гостите им носи промоција во трета лига, а на домаќините опстанок. Затоа немаа зошто да брзаат со играта и ниту да даваат голови.
Фудбалерите на Елверсберг ја почнаа тактиката „На ти ја, дај ми ја“, домаќините воопшто не се бунеа и тоа траеше 12 минути.
Мисијата е успешна, бидејќи и двете екипи се среќни и задоволни.
Некои германски медиуми пишуваат дека тука има недостаток на спортски дух, со образложение дека ова е апла договорена работа, но судијата Луц Вагнер тврди правилата не се прекршени.
„Немаше очигледен и јасно направен прекршок во однос на правилата. На крајот на краиштата, не е забрането да се игра за чист посед на топка како Елверсберг“, објаснува германскиот арбитар.