11-ти неуспешен обид на ПСЖ под шеиците да освои ЛШ

Пари Сен Жермен одново нема да го освои најсаканиот трофеј, оној од Лига на шампиони кои навивачите и овој клуб го сонуваат со децении. Тимот предводен од Криштоф Галтие загуби и на двата меча со Баерн Минхен и испадна во 1/8 финале.

На првата средба во Париз гол даде Кингсли Коман (дете на ПСЖ), а во Минхен победникот го решија Ерик Шупо-Мотинг и Серж Гнабри.

Кога во 2011-та емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани и неговиот фонд Qatar Sports Investments го купија ПСЖ, нивна главна цел беше еден ден да освојат Лига на шампиони.

Од 2012-та кога ПСЖ го доби емирот од Катар за нов сопственик, клубот се закити со 10 шампионски титули во Лига 1 и освои 12 домашни Купови. Но фрустрацијата во клубот е голема што никако не успеваат да стигнат до највредниот европски трофеј.

Од тогаш до денес, ПСЖ смени седум тренери, потроши повеќе од милијарда евра на нови фудбалери, го доведе дури и најдобриот на сите времиња според многумина, Лионел Меси, и пак не ја оствари желбата.

Сезоната 2022/2023 е уште една пропадната во елитниот турнир. Откако шеиците го купија ПСЖ, клубот имаше 11 неуспешни обиди.

2012/2013: Испаднаа од Барселона (2:2, 1:1) во 1/4 финале
2013/2014: Испаднаа од Челси (3:1, 0:2) во 1/4 финале
2014/2015: Испаднаа од Барселона (1:3, 0:2) во 1/4 финале
2015/2016: Испаднаа од Манчестер Сити (2:2, 0:1) испаднаа во 1/4 финале
2016/2017: Испаднаа од Барселона (4:0, 1:6) во 1/8 финале
2017/2018: Испаднаа од Реал Мадрид (1:3, 1:2) во 1/8 финале
2018/2019: Испаднаа од Ман. Јунајтед (2:0, 1:3) во 1/8 финале
2019/2020: Пораз од Баерн Минехн во финале на Лига на шампиони 0:1
2020/2021: Пораз од Манчестер Сити (1:2, 0:2) во 1/2 полуфинале
2021/2022: Пораз од Реал Марид (1:0, 1:3) во 1/8 финале
2022/2023: Пораз од Баерн Минхен (0:1, 0:2) во 1/8 финале)

ПСЖ испаднал 5 пати во 1/8 финале на ЛШ, 4 пати во 1/4 финале на ЛШ, 1 во полуфинале и 1 поразен во финале. Од доаѓањето на актуелната управа досега смениле 7 тренери.

9 март 2023 - 11:48