КУЌАТА ЗА НАКИТ ПРАВЕЛА ТИЈАРИ ЗА МАРИЈА МЕДИЧИ И МАРИА АНТОАНЕТА, НИВНИТЕ УКРАСИ ГИ НОСАТ КРАЛСКИ СЕМЕЈСТВА
Менуваше и број на луѓе во жири, а само едно остана засекогаш - идејата да биде „Златна топка“ за најдобриот фудбалер на годината. Лионел Меси во понеделникот вечер по рекорден 8-ми пат ја освои „Златната топка“ за најдобар играч на светот во избор на францускиот магазин Франс Фудбал.
Ова признание кое го наполни личниот музеј на Меси се прави во една славна куќа за скапоцен накит.
Француската златара Mellerio dits Meller е одговорна меѓу другото и за изготвување трофеи. Постои од почетокот на XVII век. Во минатото оваа куќа за накит правела драгоцености за европски кралски семејства, почнувајќи од Франција каде правеле тијари (украсни венци од скапоцени камења) за Марија Медичи и Марија Антоанета.
Во ХIX век златарата Mellerio почнала да работи и со монархиите во Италија, Шпанија и Холандија. Членовите на холандското и шпанско кралско семејство и сега често се појавуваат со накити произведени во оваа куќа на накит.
Во спортскиот свет Mellerio прави уште и пехар за Купот на Мускетарите (Coupe des Mousquetaires) кој му се доделува на победникот на Ролан Гарос.
Притоа оваа златара продолжува и да биде семејно наследство па веќе 12-та генерација (поколение) го води бизнисот, а трофеите се прават во атеље во историскиот центар на Париз.
Дизајнот на „Златна топка“ не се менувал драстично. Скоро е делумно обновен, го зголемиле во обем, направиле повеќе да личи на права фудбалска топка, експериментирале со елементите. Една од варијантите уште во првата деценија на 2000-те години била спорна зошто по целата топка се протегале две врежани линии а тоа на спонзорот adidas не му се допаднало па во 2003-та го менувале трофејот и линиите ги тргнале.
ЗЛАТНАТА ТОПКА ЈА ПРАВАТ ШЕСТ МЕСЕЦИ
И покрај привидната едноставност на дизајнот, за производство на современа награда Златна топка потребни се околу 6 месеци и 100 часа труд.
Златарите користат чекани со чии удари обликуваат две полусфери од листови од месинг и потоа ги заваруваат заедно. Потоа се дупчи дупка со цел да може топката да се стави во постољето направено од пирит (јарко златест кристал). Со оглед на тоа што ова е природен и практично непреработен минерал, тој од година во година се разликува.
„Нема два исти камења, нема два исти смарагда, нема два исти рубини - секогаш постои разлика. Таква е природата“, вели Франсоа Мелерио, сегашен актуелен сопственик на Mellerio.
Понатаму, „Златната топка“ која претходно се полни со супстанца слична на смола, ја обработува резбар кој точно го прави рељефот на права фудбалска топка.
За резбање на шавовите му треба околу 15 часови внимателна рачна работа. По резбањето, смолата се тргнува и натписот Франс Фудбал заедно со годината на наградата се гравира на Златната топка.
НА КРАЈНИОТ ПРОИЗВОД ИМА 18-КАРАТНО ЗЛАТО
Само во финалната етапа се појавува злато на признанието. Топката ја „капат“ во када со 18-каратно злато и таа станува потешка за 5 килограми.
На златарите на крај им останува работа со основниот елемент пирит со кој го прилагодуваат обликот на топка и конечно го претставуваат крајниот производ.
Крајната тежина на „Златна топка“ е околу 15 килограми, висока е 31 сантиметар а пречинкот (дијаметарот) на самата топка е 23 сантиметри.
Цената на „Златната топка“ е проценета на 13.000 евра но по големата свечена церемонија на доделување вредноста секако се менува. Кристијано Роналдо годинава на аукција го продал трофејот кој го доби во 2013-та за најдобар фудбалер на светот, за 600.000 евра.
Интересно иако златарите однапред го знаат победникот за време на обликување на пехарот, сега прават три плочки одеднаш од тројцата најголеми фаворити и ги прикачуваат на трофејот неколку минути пред претставувањето.