Off Topic

Трамп заминува, Кенеди се враќа

Кенеди центарот беше едно од многуте камчиња во чевелот на Доналд Трамп. Преку ноќ го смени раководството, постави свој човек, го стави своето име на чело и по некое време се најави дека центарот нема да работи две години поради неодложни реновирања. Ништо од тоа не издржа. Суд ја поништи одлуката за реименување а работници се фатија да го симнат новото име. 

„Равенка за сè“ именувана по македонски автори

Равенка која е екстремно едноставна но овозможува пресметувања на параметри што сите електрохемичари ги бараа 50 и кусур години, со цел да го најдат баш тоа - една равенка за сè! Се работи за едно од најголемите достигнувања во македонската наука (а посебно во електрохемијата) во последните неколку десетлетија, прва равенка именувана по македонски автори а доаѓа од необични и неконвенционални идеи на две млади девојки.

Саграда Фамилија е (речиси) готова

Папата го благослови завршувањето на највисоката од 18-те кули на божественото ремек-дело на Антонио Гауди во Барселона. Со тоа импозантниот објект кој се гради цели 144 години ја достигна својата финална височина од 172,5 метри. Во иднина ќе се доправа фасадата а потоа на ред ќе дојдат контроверзните скали за кои, во зависност кој план ќе се избере, можеби ќе треба да се преселат од 1.000 до 10.000 луѓе. А и Кичево-Охрид ќе биде...

Ентони Бордеин од 6.674 капачиња

Дечкото петнаесет години работел како шанкер. Позиција на која брзо отвораш пијачка и уште побрзо го фрлаш капачето. Не и тој. Други шанкери се по бакшишот, тој бил по капачињата. Ги собирал. Собрал стотици илјади капачиња. Ги сплескал, ги подредил по боја и дизајн и сега прави махерски портрети со закуцани капачиња.   

Марк Руте, човекот кој ќе ја клекне Русија

Првиот човек на НАТО е политички двовалентен. Од една страна има јако ниска точка на топење пред Доналд Трамп - му има праќано бесрамно ласкави СМС пораки, субмисивно му се обраќаше со „daddy“... Од друга страна јак е на вилица кога ѝ се заканува на Русија, порачува дека НАТО треба да биде посмртоносен... А уште од млади години е спретен, виспрен, снаодлив, жив ѓаол... 

Тргаме?

Науката не само што му ги проширува хоризонтите на човек туку и му креира шанси да сонува за далечни светови, светови ослободени од стегите на ограничените работни времиња на локалите, полициските рации и дрегери и слични овоземни секирации. Врзете се, одиме кон центарот на нашата галаксија. Е не, на периферија ќе ти седиме!   

Уште сега, 12 поени за Лет 3!

Со „Мама - ШЧ“ ријечките враголани Лет 3 победија на Дора и ќе ја претставуваат Хрватска на Евровизија 2023. Благодарејќи на Логин и една мала но упорна лоби група за нив, многупати ги имаме гледано и во Македонија.  Лет 3 се прекрасни будалетини кои беа „шокантни“ уште кога на Евровизија се носеа пуловерчиња. Едвај чекаме. „Мама - ШЧ“, бе! 

Дали сте жртва?

Се разбира дека сте, модерно e тоа. Да се биде жртва значи да се носи аура не само на маченик туку и на праведник кого општеството го закинало. Социјален експеримент на таа тема: жени одат на интервју за работа верувајќи дека се нагрдени со лузни од шминка. Само што, не одат такви, одат какви што се (само што тие не го знаат тоа). Се враќаат убедени дека биле дискриминирани само заради изгледот.   

Црно алжирско

Како се менувале најголемите светски извозници на вино, од 1960 до сега. Има доста занимливи детали. Алжир долго бил светска велесила пред сосема да ја изгуби битката. Бугарија знаела да биде убедливо појака од Југославија. А и Македонија се појавува во неколку наврати, ама, како што знаете и од други показатали, сега ја нема.   

Единствено полошо од тоа да бидеш непријател на Америка е да бидеш пријател на Америка

Момир Булатовиќ раскажува за еден состанок што тој и Милошевиќ го имаат со Ворен Кристофер и Ричард Холбрук, години после Дејтон, кога на Холбрук му бараат да им даде список на услови што треба да ги исполнат само за конечно Србија и Црна Гора да станат пријатели на Америка, место нон-стоп да се негативци.

Две многу одвратни видеа од Турција

Не, нема ниту една од речиси 20-те илјади жртви, туку има градежни материјали, главно цигли, и наводни градежни пракси во Турција, кои можат да објаснат голем број од снимките од деновиве на кои нови згради се распаѓаат како да се правени од наполитанки.

Кога Кит Ричардс ти чува грб

Концерт на Стонси. Додека Мик Џегер анимира публика, не забележува дека некој позади него успеал да го надитри обезбедувањето и да се качи на сцената па трча накај нив се непознати намери. За среќа, мамлазот го приметува Кит Ричардс, а тој на сцена никогаш не доаѓа голорак.

Блиски средби од блискоисточен вид

На аеродром во Турција, израелскиот авион со спасувачи се паркираше до иранскиот авион со спасувачи испратени за помош во земјата.

Јака финта: НАТО ќе се пресоблекува

Австриски полковник ја објаснува шемата како НАТО ќе праќа војници во Украина- без да праќа војници во Украина. „Ќе ја соблечам униформата, ќе потпишам договор и ќе одам во Украина. Така веќе не сум офицер на НАТО туку војник под договор“. На штикли ќе одат ако треба, само за да не признаат дека се во војна со Русија.

Брзо му било пишано

Нејќел да плати казна за брзо возење со образложение дека сè што прави тој, прави брзо. Јаде брзо, спие брзо, чита брзо, оди брзо.... Судијата, некој чешит човек, му рекол: „Ај сега да видиме колку брзо можеш да одлежиш 6 месеци затвор“. Најведриот дел од видеото ќе го видите сами. 

За земјотресот нема Курди и Турци, сите се вистински исти

Едното видео е од доминантно курдскиот град во Сирија, Џандарис. Другото е од турски Хатај. Во двете видеа, две бебиња. Најбебиња. Двете зафатени од земјотресот што не дискриминира по никаква основа.

И би Урсула

Претседателката на Европската комисија се потегна до Украина за на голема врата да ја одбележи најновата сојузничка пратка помош за земјата која е во војна. Европа на Украинците им носи ЛЕД сијалици. За да ги заменеле старите сијалици, за да заштеделе енергија. Уште па на Твитер мегаломански напиша: „Заедно носиме светлина во Украина!“

Погоди кој од нив е тазе дојден во Бахмут

Да не знаеш што е пострашно колку се моќни експлозиите што новинарката на секое се вади од памет или што овие што се поодамна во Бахмут се станати ѓон на сè што се случува околу нив.

И вака се бранат правдини

Додека сме принудени да се занимаваме со Бугарите и со нивните глупи офанзиви да нè убедуваат кои сме и што сме, забораваме дека во животот постојат и други прашања за кои е благородно човек да се бори. На пример, кога ќе ти наточат пиво на подмолен начин. Односно, ќе ти го избугарат штуцот или криглата.

Вистината е пред вас, ама не сакате да гледате

Нема ништо подобро од лоши теории на заговор или па само ние сме многу назад со материјалот и само е прашање на време кога се ова ќе се покаже точно.

Плуќа полна цигари

Дури и во живот да немате една цигара запалено, живењето во Скопје заради одвратно загадениот воздух е исто како секоја година да пушите по 288 цигари. И од ова правило не е пошtеден никој што живее во Скопје, од 1-месечно бебе до 100 годишен старец.

Да не речете не знаеме да сослушаме жена

Девојката има право да има свој став за односите меѓу машко-женските односи. Девојката има право да каже дека таа го избира човекот на својот живот и таа му ја дава неговата позиција во нејзиниот живот. Девојката има право да ги повика другите да размислат за нејзиниот поглед. Ја сослушавме и накратко заклучивме: девојката има право :) 

Почнаа идеолошките дубари со ЧетГПТ

Ние го цимаме четботот на лефтерни теми и главно се покажува како фасцинантен соговорник или помошник. Но, кога ќе влезе политиката во игра, веќе се менуваат стандардите и неговата подготвеност да даде е одговор. Во случајов, ги имаме Доналд Трамп и Џо Бајден.

За тие што цело време нарачуваат астероид да удри

Пример, имате железен астероид со дијаметар од 500 метри кој со брзина од 25 км/ч ќе удри на градски плоштад. Од ова загинуваат 8.303 луѓе, кратерот е длабок 453 метри, и се протега речиси од бензинската кај поликлиника Букурешт до после Ист гејт.

Тато ме нарече демократ!

Постојат разни начини да се скршат нежните детски чувства и да се навреди едно младо, чисто и искрено суштество. На пример, да не му купиш играчка, да го тераш да јаде брокула, да не му исполниш ветување дека ќе го носиш некаде, да му кажеш дека не постои Дедо мраз... Додаваме уште еден јак удар.

Сакаме да запознаете еден 35 годишен белец

Ако може да се бира род како ќе текне, зошто да не може да се бира и боја на кожа, поточно припадност на раса? Ете го него, од нигде никаде, еден ден се почувствувал како белец. Стручно кажано, има транс-расен идентитет. Мајка му, нормална, вика, и јас сакам еден ден да се рабудам и да речам, јас сум Ријана, ама, не оди тоа така.

Милка Бабовиќ на време си замина

На отворање на првенство во уметничко лизгање, Финска реши да биде претставена од трансџендер, тоест „родово неутрална жена“ (што и да е тоа). Во име на „еднаквоста и диверзитетот“ да покажеле дека на мразот има место за сите. До 43 години бил Марку-Пека, сега е Мина- Марија и има 59 години. Да видите само каков балван е тоа.

Која е работата од соништата во Македонија?

Европска мапа направена врз основа на истражување за тоа кој им e работат од соништата на луѓе од разни земји. Наш човек сака да биде програмер (ама, ако може, да дреме на ФБ и Инста), Црногорци се палат на пилоти, има доста писатели и доктори, меѓутоа убедливо најпоетски сонуваат луѓето од Саудиска Арабија.

Милановиќ е за мир и дипломатија (значи сумњив e)

Од 2014 до 2022 година гледавме како некој ја провоцира Русија за да дојде до оваа војна, и ете, дојде. И, што е планот? Да се победи нуклеарна супер-сила со конвенционални средства? Како е можно тоа? Да се распарчи? Па после таа во очај да ги испали оние 6.000 нуклеарни глави кои ги има и сите да отидеме бестрага?

Долгиот пат за рамноправност на бордерите

40 години беа потребни за создавање вистински инклузивно скијачко општество. Прилог од дамнешната 1985 година, во времето на бордерскиот апартхејд и сегрегација, кога тие се гледаа како опасни натрапници па не беа пуштани ни на ски-лифтови, па онда мораа пешки да се пентарат по тоа патеките.