Off Topic

Затворениците ги интересира само Квентин Тарантино

Паднатиот филмски могул и осрамотeн крал на Холивуд во самица проаѓа 23 часа на ден. Чита лектири, книги и мемоари, понекогаш ќе изгледа филм, стравува дека ќе умре зад решетки бидејќи има рак на коски. Признава дека бил нахален и арогантен, но не и дека некого сексуално нападнал. За оние кои го обвинија вели дека главно се работело за пари или за тоа да се биде дел од линчот против него. 

Подемот и падот на „хак ту“ девојката

Приказната за младата и шармантна девојка од една американска недојдија од 700 жители во Тенеси е поучна по многу линии. Хали Велч преку ноќ стана популарна, преку ноќ стана богата, ја намирисаа преварамти, ја искористија нејзината популарност, луѓе изгубија животни заштеди а таа се повлече на неодредено. Сега е вратена, онаму кај што викаше дека никогаш нема да отиде.   

Новиот Зоки на Вован и Лексус е Реза

Руските мајтапџии го насамарија Реза Пахлави кој е изгорен на бел коњ да се врати во земјата од која во 1979 година избега неговиот татко. Му се претставиле како советници на Фридрих Мерц, едниот нив по име Адолф (ќе го видите) за да проверат дали е спремен да го пополни политичкиот вакуум во Иран. Епизодата со Заев нам сепак ниостанува најјака пошто на крај тие не му дигале телефон кога почнал да им досааѓа.

Рамштајн со стомачен вирус

За Маванг знаеме само дека е од Индонезија. За песната пак, немаме идеја како е настаната, што е мотивот и слично. Да замислиме едно можно сценарио: Маванг изел нешто бајато тоест расипано. Почнало да му се гади, да му се бурботи во мешето. Сакал да го овековечи тоа чувство, иако немал баш готов текст. Нема врска, еве го чувството. 

Штета што не веруваме во пеколот

„Храбриот“ Трамп уште нема сила да признае и да изрази жалење за оние кутри 165 (сто шеесет и пет!) ирански девојчиња на возраст од 7 до 12 години што загинаа во ракетен напад на нивното училиште. Подмолно, не еднаш туку двапати, за да се дотепаат оние кои преживеале и оние кои дошле да им помогнат. Ќе го прогонуваат ли тие нивни лица до крајот на животот? Не веруваме ама многу сакаме да е така.

Персискиот шмек на Game of Thrones

Рамин Џавади (татко Иранец, мајка Германка) е роден во Дуизбург, Германија, со summa cum laude завршува музика на Беркли во Бостон, под менторство на Ханс Зимер. Ја потпишува музиката на Iron Man, Westworld, Pacific Rim и House of the Dragon, но најпозната му е онаа од Игра на троновите. Овојпат, со дополнително локализиран аранжман на Реза Саџади, изведен од девојки на удирачкиот инструмент даф. 

Вака изгледа судар на два авиона во воздух

Инцидентот се случи на Dallas AirShow. Поголемиот е Боинг Б-17 (Flying Fortress) а помалиот P-63 (Kingcobra), обата винтажни борбени авиони од Втората светска војна. Медиуми наведуваат дека во несреќата загинале шест лица.

Бонбони од чварки

Не, насловот не е метафора или игра на зборови. Се работи за прави правцати бонбони од чварки/џимиринки. Ова би требало да го има во секој дом, канцеларија, по нотари... и нормално, да се фрлаат на венчавки!

Мис(тер) Машала

Биолошки маж победи на натпреварот „Miss Greater Derry” за најубава жена во Њу Хемпшир, одржан во организација на Мис Америка. „Не само што победничката е целосно развиена жена туку многумина ќе се согласат дека и објективно е најубава. Вистината победува!“, прокоментира Гад Саад.

Новата генерација Морозови

Америка е станата толку непомирливо поделена и антагонизирана (да, бетер од кај нас), што нема да чуди ако некој ден таму не пукне граѓанска војна. Тие резови не одат само по стандардните политички разлики туку сечат длабоко и во основните клетки на општеството, како што е семејството. Пазете го вие ова говно од ќерка.

И Бил Бур знае да се смее

Бил Бур остануе врв на денешната комедија, благодарејќи на тоа како умешно ја транзитираше својата позиција, од гневен тип напизден на сè, на некој кој денес има жена и дете, ама уште има што да каже. Дека редовно го смее Конан, сме покажале. Овде имате едно нивно дружење во кое и Бур знае да тргне на смеење. За Конан да не правиме муабет. 

Електрични коли не димат, така?

Тоа што електричните возила немаат ауспух, не значи дека сме ги елиминирале емисиите, туку дека само сме ги преместиле на некое друго место. За да се произведе батерија со енергија колку еден барел нафта, потребни се 100 до 300 барели нафта. Една минута (молк) за електричните возила.

Исто е, ама не е исто

На граничник меѓу САД и Канада, девојка демонстрира колку е лесно да се скокне од едната на другата страна. Дечко сака да го покаже истото, меѓу Индија и Пакистан.

Да видите од каков талент изгуби Доктор Оз

Телевизискиот доктор и продавач на шашми, доктор Оз (Мехмет Ченгиз Оз) ја изгуби трката за место во Сенатот како претставник на Пенсилванија. Изгуби од Џон Фетерман, човек кој пред пет месеци преживеа мозочен удар. Ќе видите сами до каде стигнало опоравувањето, што поразот на Оз го прави уште поголем резил.

Државно рушење гробови

Претседателот на Ел Салвадор, Наиб Букеле, им нареди на затворениците припадници на Мара Салватруча, една од најозогласените криминални банди во Америките, со токмаци да ги искршат сите гробови на локалните гробишта на чии надгробни споменици има обележја на бандата. Букеле годинава објави отворена војна против бандите.

A таман ќе помислиш дека не може да се поглупи

Само што разбрала дека косата расте од - главата! Во нејзиниот досегашен академски живот верувала дека таа расте од крајот на влакната, но оваа еурека ја збунува: ако косата расте од скалпот, дали тоа значи дека во главата имаме коса? Не секирај се, девојче, немаш ти ништо таму.

Ужасот на една кирија

Кинескиња две години им го изнајмува станот под кирија на студенти, без ниту еднаш да ги посети се до заминување од станот. Кога ги добива назад клучевите оди да види што треба да се среди пред пак да го издаде. По неа и други почнуваат да ги снимаат своите кираџиски кошмари.

Дедо сече ко брич

„Контент креатор“ ни крив ни должен на улиците на Њујорк налетува на веројатно најостриот дедо што можел да го најде во градот, и почнува со своите безазлени прашања, на што дедово упорно во корен го коси.

Шчо мислевме, шчо ќе испадне

Можеби е морничаво сознанието дека сите ќе умреме, но, уште поморничаво е дека можеби ќе завршиме како некоја ебена матична плоча. Елем, што се добива кога од вештачка интелигенција ќе побараш да ја креира човечката еволуција? Побарал Фабио Кoмпарели кој се занимава со уметност генерирана од AI.

Каква надреална сцена

Во некоја бразилска припиздина, тип со мачета брка пар полицајци кои бегајќи пукаат кон него. Или упорно го утнуваат или го пукаат со памукчиња, нејасно. Сеедно, цајканскиот резил го прекинува случаен минувач кој го спуца идиотот со кокос во глава. 

Верувајте ѝ на гравитацијата

Дечко секој ден на објективен начин ја решава дилемата дали да го зачисти станот, да вежба, да чита книга или пак - да се напие пиво. И секој ден му успева „да му се падне“ ова последново. Гледајте како, учете и спроведувајте по дома. 

Зошто Кинезите толку возат точаци

Комплексна е таа тема и немаме намера сеопфатно да ја објасниме. Само да ви покажеме една од причините: како изгледа полагање за возачки за автомобил.

 

Да не ја урочиме Мира Бањац, ама чујте го ова

Додека ја појадувате овесната каша со чиа, агаве и путер од индиски орев, да слушнете една анегдота од пред некое време за 92-годишната Мира Бањац, раскажана лично од колегата Љуба Бандовиќ (кој на 46 години е точно дупло помлад од нејзе).

Битлси имаат нов спот

Се разбира дека не, тоест дека не баш. Се работи за гважно-анимирана визуелизација на „I'm Only Sleeping“, една од носечките песни на нивниот култен албум Револвер кој неодамна на интересен начин беше ремастеризиран. Слушајте Битлси, се работи за основна хигиена на слушниот апарат.

Стариот жестоко зашмелца

Во својот говор во Флорида, Џо Бајден кажа дека (1) Зборувал со човекот кој го пронашол инсулинот, иако Фредерик Бантинг умре во 1941-ва, една година пред Бајден да се роди, (2) Ураганот Иан го нарече Иван (3) Го преполовил јавниот дoлг а тој е рекордни 31 трилион долари.... И тоа не е сè.

Како да преживееш во човечко стампедо

Темата не изгледа толку шашаво после онаа трагедија во Јужна Кореја во која во стампедо загинаа преку 150 луѓе. Додека стоиш и те гмечат, зачувај го градниот кош за да можеш да дишеш. Ако паднеш, врти се настрана, чувај глава и надевај се дека брзо ќе помине.

Готвењето е основна култура

Бордејн има да ти порача: „Ако наутро не можеш да направиш омлет или барем кајгана, треба да ти е срам од сам себе“, па ти како сакаш.

Ова беше трол, не оние по твитери

Да потсетиме на жената која пред едно пет години се појави на сосема сериозна полициска прес-конференција и почна да преведува на јазикот на глувонемите. Нормално, без да има абер од таа работа. Оние кои го познаваат знаковниот јазик, викаат дека на моменти мавта со рацете како да ја пее Џингл белс. 

Кина уште се бори против ковид... со ќотек

За волја на вистината и во остатокот на светот да не попуштеа мерките за борба против ковид како што е во Кина, секаде идентично вака ќе му беше смачено на народ.

Да знаете, „мама и тато“ се „хетеросексизам“

Кај доктор Фил се зборува за канселирани (читај забранети) зборови и се бараат предлози за нови. „Мама и тато се навредливи“, вели жена од публиката. Лезбејка е, имала ќерка и секогаш кога малата некаде ќе прочитала „мама и тато“, се збунувала. Па стварно не е фер.