Кога имав 16 години, отидов на час по биологија, мислејќи дека ќе биде тоа уште едeн нормален час. Кога влегов во училница, сите клупи беа наредени во круг и човекот кој секогаш бил добар и пријатен предавач, одеднаш беше милитантен и застрашувачки и со строг заповеден тон ни кажа да седнеме, да затвориме уста и дека секој што ќе зуцне, автоматски нема да го помине класот. Сите бевме збунети, јас бев добра ученичка и оценките ми беа важни па бев уплашена.
На средината на кругот во кој седевме имаше клупа, на неа кугла со вода и рипка во неа. Тој нè погледна, ја извади рипката, ја стави на клупа, излезе и ја затвори вратата.
Сите само се гледавме меѓусебе, се прашувавме што правиме, тоа што беше пред мене одеше против сè што чувствувам, немоќно да гледам како рипката умира... А предавачот уште еднаш ни имаше повторено: Ако прозборите, ако мрднете, ако станете, автоматски паѓате.
Сите само се гледавме, чекајќи некој друг да стори нешто бидејќи никој не сакаше да биде тој што ќе настрада. Се чинеше како вечност, иако најверојатно беа само 2,5 минути после кои една Хана стана и рече „Кој го ебе“ и ја врати рипката во водата.
Кога Хана го направи тоа, тој влезе, нè погледна сите и ни кажа:
„Гледајте што ви има направено светот. Се изневеривте самите себе, за што?
Постојано се навраќам на таа лекција бидејќи тогаш се зарекнав, никогаш повеќе нема да бидам таква личност, никогаш!
Колку луѓе на оваа планета молчешкум ја имаат прифатено секоја можна лага, затоа што им било кажано да седат мирни и да бидат послушни? Или уште полошо, ги изневериле своите пријатели и семејство, само за да можат да продолжат „нормално“?