Како Карл Саган ја предвиде денешна Америка

Легендарниот астроном, космолог, астрофизичар и неповторлив популаризатор на науката (почина во 1996, на 62 години) во многу наврати и на многу теми демонстрираше дека не треба да се има кристална топка за да се предвидат некои работи. Меѓу Нострадамус, баба Ванѓа и Карл Саган, последниов е нашиот „махер на колото“.

„Имам претчувство за Америка во времето на моите деца или внуци - кога Соединетите Амeрикански Држави се услужна и информатичка економија; кога речиси сите клучни производствени индустрии се преселени во други земји; кога прекрасните технолошки моќи се во рацете на малкумина а никој што го застапува јавниот интерес не може ни да ги сфати прашањата; кога луѓето ја изгубиле способноста да поставуваат свои агенди или свесно да ги испрашуваат оние што се на власт; кога нервозно консултирајќи се со хороскопи, нашите критички способности се во опаѓање, не можејќи да направиме разлика помеѓу она што ни годи и она што е вистина, ние се лизгаме, речиси без да забележиме, назад во суеверие и темнина“.

Карл Саган, 1995 година

п.с. Серијата „Космос“ на Карл Саган одеше една сезона. Серијата со Кардашијан оди 20 сезони. Што повеќе да се каже за времето во кое живееме?

 

4 мај 2023 - 10:56