Фасцинантни делови од филмот „Sympathy for the Devil’ (1968) на покоен Жан Лик Годар, за тоа како е раѓана, брусена, пеглана и шмирглана легендарната песна на Стоунси, процес во кој секој инструмент, миц-по миц, си доаѓа на место. Да го чуете Џегер на почетокот како ја пее, добронамерно би му рекле дека нема баш песна тука. Ама, како што знаете, Ѓаволот си доаѓа по своето....