Како и во Скопје, и во Њујорк или Лондон зјаат празни многу скапи, тазе купени станови. Разликите во причините се во нијанси; во крајна линија се работи за легализирање некакви црни пари. Таму купуваш прескап стан од десетици милиони долари, го заложуваш за да добиеш кредит и после тие легални пари ги ставаш во акции. Чиста работа.