Зеленски пред да стане претседател на Украина:
Во источна Украина и Крим, луѓето сакаат да зборуваат руски. Оставете ги на мир, оставете ги на раат. Легално треба да им се даде право да говорат руски. Јазикот никогаш не треба да ја дели нашата земја. Ја сум со еврејско потекло, зборувам руски и граѓанин сум на Украина. Ја сакам оваа земја и не сакам да бидам од ничија друга. Русија и Украина се братски народи, јас познавам илјадници луѓе кои живеат во Русија и кои се прекрасни - ние сме иста боја, иста крв и се разбираме меѓу себе, без разлика на јазикот.
Што на овие теми се случуваше во Украина?
* Во 2014 во Европскиот парламент се појави загриженост за третманот на малцинските јазици во Украина, меѓу кои и и грчкиот (тука)
* Во 2015, 2016 и 2017 се забрануваа книги на Лимонов, Акунин, Дугин, мемоарите на Висоцки... Во тоа време, руските книги сочинуваа 60% од украинскиот пазар (тука).
* Во април 2019 година, украинскиот парламент му даде специјален третман на украинскиот јазик и го направи задолжителен за вработените во јавниот сектор (тука)
* Во 2022 се забранија руски книги. Им се забрани на луѓе да печатат книги на руски јазик, доколку не се откажат од рускиот пасош и не земат украинско државјанство. Се забрани и увоз на книги од Русија и Белорусија.
* Истовремено се забрани пуштање на руска музика во медиуми и јавен транспорт и се зголеми квотата за задолжителен удел на украински содржини во медиумите (тука).
* Во мај 20222 Зеленски забрани постоење на про-руски политички партии, укинувајќи 11 постоечки (тука)
* Во декември 2022 година Зеленски забрани верски организации кои имаат релации со Русија (тука).
* Во април 2023, Зеленски забрани географски имиња и топоними кои ја „промовиораат, глорификуваат или симболизираат“ Русија (тука)
* Во април 2023 година, Украина им забрани на своите спортисти да учествуваат на натпревари и турнири на кои има Руси и Белоруси. (тука)
* Во меѓувреме во Украина исчезнаа или театрално беа срушени споменици на многу руски личности, меѓу кои и Пушкин. „Се што е руско, мора да биде размонтирано,“ гордо кажа еден украински градоначалник (тука)
* И да, на 24 февруари 2022 година, Русија ги повреди меѓународно признатите граници на Украина навлегувајќи во нејзина територија, во делот во кој војна се води уште од 2014 година. (тука)