Приказната за Марјан и Марица

Приказна за едни брат и сестра од Црна Гора кои баш и немале среќна судбина но затоа, судбината што ја имале изнедрила две изреки кои траат со векови. Се враќаме во 16-от век. 

Марјан и Марца се брат и сестра од 16-от век. Живееле во селото Туцање, денешна општина Петњица во Црна Гора. Марјан бил ајдук кој често се конфронтирал со Османлиите, сè додека еднаш не му направиле заседа и го убиле. Кога виделе дека имал огромни тестиси, јаничарите му ги отсекле и му ги пратиле на белградскиот паша.

Од тогаш е изреката: „Муда Марјанова“.

Од тага за братот, Марица решила никогаш да не се мажи и да не биде допрена од машка рака. Така и умира, во длабока старост, во една пештера кај Беране, никогаш не запознавајќи машко тело.

Од тогаш е изреката: „Се разбира ко Марица во курац.“

*********

 

20 мај 2023 - 13:20