Off Topic

Навремен совет за влегување во брак

Прашање до возрасен човек кој ја изгубил саканата жена, каков совет би им дал на оние што мислат или планираат да се женат. „Ако ѝ го сакаш само телото а не и душата, немој да ја жениш. Затоа што тоа тело нема да трае“. Сакаме да го слушнете него и да го видите оној што го постави прашањето.  

Трамп, наведни глава, срамота е

Во јапонското порно, половите органи стандардно се цензурираат, односно пикселизираат. Покажување гениталии таму е забрането уште од 1880 година (Член 175 од Јапонскиот кривичен законик), особено ерекција и пенетрација. Во тоа цензурирање, во последно време, сè почесто се користи вештачка интелигенција која автоматски препознава голи гениталии и ги покрива. За Јапонци, следи содржина +18 

Ентони Хопкинс менува кариера

На 88 години, после шест децении минати како актер, Оскаровец и велшка културна икона, сер Ентони Хопкинс отвора ново поглавје во својата креативна кариера. Потпиша договор за албум со класична музика. Тоа е неговата прва љубов, уште кога на 4 години му купиле пијано. На 10 веќе го свирел Бетовен, на тинејџерски години почнал да компонира. 

Патeките кои ги избира животот

Ги знаете оние мали, природно разгазени кратенки вон пешачките патеки (обично по хипотенузата на некој агол). Во некои земји, кога се урбанизира некој простор, пешачките патеки не се прават однапред, туку се остава животот и луѓето сами да ги изберат оптималните патеки кои потоа само се потврдуваат со асфалт, павер, песок. Бродвеј улицата е така настаната.

Балканот како магацин за резервни делови

Блогерот Круле (Јадранко Ходак) за вечната тема која станува сè повидлива во посиромашките делови на Балканот. Дали живееме лошо затоа што толку сме заработиле и заслужиле или затоа што некои побогати и посреќни држави нè чуваат како резервати за квалификувана работна сила, од лекари и забари до плочкари и водоводџии. 

Линдзи Грем, Бог да го прости гадот

Има едно правило до кое се држиме дека за покојникот или се кажува „сè најдобро“ или се молчи. Бидејќи за ненадејно починатиот американски сенатор Линдзи Грем немаме да кажеме ништо добро а не па најдобро, само ќе потсетиме што пишувавме за него додека беше жив и ќе го оставиме со свои зборови сам да ви се огади. 

Амир Бешо кај Томи Емануел: Македонско девојче

Амир Бешо Лејзи е еден од помалку познатите бисери на старата сараевска рок школа. Има свирено во бендот на Тифа и пар други локални групи. За време на опсадата, како гитарист е дел од култната претстава „Коса“ на чии проби доаѓа директно од линијата на фронтот. Во една таква прилика, Лејзи бива речиси смртно погоден со гелер од граната во глава.

Рамбо Амадеус: после турбо-фолк доаѓа глем треш

После години успешно стилско сурфање низ Fusion, Funk, Jazz, Modern Classic, Rock, Rap, Poetry, Opera, Рамбо се враќа на своите самопуштени корени. Овојпат ни ја лансира следната генерација турбо фолк - глем треш обработка на неговата песна Урбано. Вештачката интелигенција здружена со природната интелигенција на човекот кој ги најавува трендовите. Кој па сега ова ќе го истрпи?

Империјата наречена Онлифанс

Огромна е тоа империја, и во пари и во број на луѓе кои гравитираат околу тие цицки и газови кои се основните ресурси на царството. Заработуваат повеќе од НБА, имаат двојно поголем буџет од Обединетите нации а најкутри се мажите. Оние хетеросексуалните.

80-тите ни се враќаат како кошмар на стероиди

Вештачката интелигенција почна да креира уверливи кошмари. Видео снимка од диско клуб од 80-тите години во која од прв до последен дискаџија е Гордон Ремзи во сите можни варијанти и верзии и полови, во многу модни изданија, со различни денс техники. Како дискотеките во осумдесетите да не беа доволно кошмарни и без него.

Има правилен начин како да се јаде шеќер

А тоа е после оброк, како десерт, никогаш наутро за појадок или општо на празен стомак, и сето ова е за количини - едно колаче и понекогаш. Така тврди француска биохемичарка, онлајн прославена како Божицата на гликозата.

Најџел Фараж: Нè прегазија албански кримоси

Албански криминалец кого сме протерале од Британија, се враќа илегално, затруднува Литванка и сега не му можеме ништо, поради Европската конвенција која му гарантира право на семеен живот. Друг Албанец кој бил депортиран два пати, сега се вози по Лондон со своето Ферари од 300.000 фунти. Ама, дечкото бара азил. Ако тоа не ве гневи, не знам што ве гневи, ги прашува Најџел Фараж своите сограѓани.

Исповед на покаен рок сноб

Можеби ви се превртува стомак кога ќе го видите Десингерица како ја мава публиката со патика и им ренда сирење на глава, но крајно неправедно би било за тоа да ги обвините Тозовац, Цуне Гојковиќ или Синан Сакиќ. Свесен сум дека мојот естетски вкус и избор не ме прават интелектуално посупериорен, поблагороден, попродуховен од оној што слуша народњаци.

Докторката со пациентите кои никогаш не се пожалиле

„Имам на свет донесено илјадници бебиња но последниве години се најсреќни во мојата кариера“, вели докторката која последните години работи на таканаречено „асистирано умирање“ односно еутаназија, која во Канада е легално. Притоа језиво се церека на секој аспект на „проблемот кој го решава“. А има решено преку 400 луѓе.  

Зад кулисите на BBC

Новинар свиркач од Би Би Си објаснува како во последно време функционира уредувачката политика која дава резултати како оние во статијата „Пред и по телефонскиот повик“. На новинарите им се праќа бриф „Израел има право да се брани“ и со тоа се поклопува секое спомнување на масакрираните деца и цивили. А од зборот „геноцид“ отиден во етер новинарите ги фаќа паника па знаат да кажат дека е тоа „многу емотивен“ термин. Бљак.

Брате Јапонија, запри се малку

Никакво високо-технолошко достигнување или изум, само исклучително внимавање, накај инсистирање, да им се обезбеди пристојност на луѓето во секојдневниот живот. Во конкретниов случај при косење трева.

Никола Којо за Гидра

Зад актерите остануваат улогите, сеќавањата на нив и сувопарните Википедија информации. Драгомир Бојаниќ (почина пред 31 година) се памети по серијата Луди Години, беше агентот Кондор во Валтер го брани Сараево, прекарот Гидра (Змија) го има добиено снимајќи италијански шпагети вестерни. Бил апсен заради кажување вицови за Тито а со истата жена се женеше трипати и се разведуваше двапати. Но, тоа не е се од еден човек. 

 

Сакате да видите нешто ужасно страшно?

До сега беше филмски мит, од пред некое време е автентичен хорор што постои и се живее. Студенти од Харвард земаа очила со вградена камера, ги поврзаа со Инстаграм и ВИ и сега за секунда имаат инфо за најрандом луѓе на улица.

Србија и Албанија го снабдуваат Израел со оружје и енергенси

Ако сте убедени дека Израел останува осамен и изолиран на светската сцена заради бруталноста во Газа и Либан, за контра-аргумент нема да отидеме подалеку од нашиот комшилук. Тел Авив не само што ги задржа, туку и ги унапреди односите со Албанија и Србија а таа поддршка не се сведува на убави дипломатски зборови. Прилог на Турската радиотелевизија. 

Родни на балканите

„Only Fools and Horses“ e eдна од најбрилијантните британски хумористични серии, благодарејќи на сценаристот Џон Саливен и на перфектниот кастинг заради кој не можеш да замислиш други фаци наместо браќата Тротер, дедото (првиот), Тригер, Бојс... Знаeле тие дека се популарни ама не до толку: Џон Линндхрст сфатил до каде добацуваат кога дошол негде на Балканот а цела улица почнала да му аплаудира.   

Две ипол земји контра цел свет

Генералното собрание на Обединетите Нации, уште до 1992 година, секоја година редовно се изјаснува за резолуција со која се бара укинување на бруталното економско и трговско ембарго на САД против Куба, воспоставено уште во 1960та година. Лани гласаа вкупно 187 држави. Сите за резолуцијата, само САД и Израел против а Украина воздржана.

Like a Tone on the Wire?

Музичари знаат да кажат дека инспирација наоѓаат и на најнеочекувани места. Некои веруваат дека некоја виша инстанца им праќа сигнали а тие се само нејзин спроводник. Така некој погледнал низ џам, видел птици на електрични кабли, каблите му заличеле на петолиние, птиците на ноти и ова е резултатот. Интересно, ама не ќе да оди тоа баш така.   

Ако ве дере мајстор, снимајте

Јавноста е природен непријател на секој апаш, од најмалиот до најголемиот. Ова е мал апаш (и по раст и по обем на делото) кој на некои луѓе им поправал клима. Требало да спои две жички ама тој таа интервенција ја ценел за „брат-брату“ 1.700 долари. Наместо газдата на куќата, ете му човек со камера. Мазно и јуначки се повлече, од паника и торбата си ја заборави. Може така треба.

Рамноземјаш сосечен од сопругата

Човекот решил на целиот свет и човештво да им ги отвори очите дека Земјата не е тркалезна туку рамна, па скромно, во својот дом и кујна, решава да сними видео и да каже што има да каже. Но, неговата понервозна половина баш и нема разбирање за неговите просветителски мисии. Не можеш ти со таква жена да станеш астро-инфлуенсер, па тоа ти е.

Non-player characters во Европскиот парламент

Фидијас Панајоту, кипарски Грк, Јутјубер и од годинава европратеник објаснува како оди гласањето во Европскиот парламент. Тој е независен па мора со помошниците да помине тон хартија и документи за да сфати за што всушност се гласа. На поголемите им е полесно: главниот им дига рака и со потег како римски император им кажува дали да гласаат за или против.

Бомби за мир, како онаа работа за невиност

Пред некој ден Зеленски (оној за кого Трамп рече дека не си отишол од Америка без 60 милијарди долари) ги посетуваше главните добитници од руско-украинската војна, фабриките за оружје во САД. Во таа прилика, еден американски гувернер (од редовите на прогресивните и либералните) мртов- ладен, лично потпишуваше ракети/гранати/бомби кои треба да завршат и на руска територија. Е, до толку се за мир.

Не џабе Зеленски не ја може

За Диjана Панченко - како и за сè друго - на интернет ќе најдете спротивставени мислења и оценки. За едни, таа е една од најхрабрите украински новинарски гласови против актуелниот корумпиран режим во државата, за други е обичен предавник кој ја продал својата душа на ѓаволот (Путин). Решете сами. Овде зборува за дезертерите, за тоа колку се плаќа за да се избегне војска и колкав бизнис е тоа.

„Ме боли мешето“

Компилација од барања слободни денови на работа, оправдувања за недоаѓање и други рандом поплаки на младата генерација „снегулки.“ Чудесии. Ама па може така и треба. Оти ние што се изнаработивме ко грешни ѓаволи за добробит на фирмите, голем аир видовме од таквата лојалност, посветеност и пожртвуваност.

Брилијантен говор на човекот кој го сосече криминалот

Првиот човек на Ел Салвадор кој постигна фасцинантни резултати во борбата со криминалот во својата земја имаше впечатлив говор во ОН: „Ние не ја затвораме опозицијата, не цензурираме мислења, не конфискуваме имот на оние кои размислуваат поинаку. Но, истовремено, ние ја претпочитаме безбедноста на нашите граѓани пред комфорот за криминалците.“

Зошто нема мост меѓу Европа и Африка?

Иако оддалеченоста меѓу двата континента кај Гибралтар е многу помала отколку меѓу Франција и Англија, причина што нема мост или тунел е длабочината на морето меѓу Шпанија и Мароко. Дури 900 метри а подводните струи се пресилни за нешто да се гради. За споредба, длабочината на Суецкиот канал е само 75 метри. Плус, сеизмички живо подрачје е Гибралтар.