Трол на денот: Лијам Галагер

Апокрифна анегдота е ова, ама некако пасува со табиетот на помалиот брат од од Оазис, епската будала Лијам Галагер. Жртва во приказната е Бон Џови кој во очај помислил дека може да си ги прекине маките нудејќи му на Лијам половина милиони долари. Бадијала. Вака оди приказната, раскажана од Бон Џови.

Лијам Галагер ме тормозеше со непријатни телефонски повици повеќе од десет години. Господ знае како дошол до мојот телефонски број.

Ќе ми заѕвонеше околу 3 или 4 ноќе, само за да ми каже дека музиката ми е срање.

Некогаш ми викаше дека сум непризнат син на Ричард Бренсон (основачот на Вирџин рекордс - н.з.) некогаш со дерење само ме вреѓаше додека не му затворам.

На крај, му понудив 500.000 долари и го молев да престане.

Ми кажа: Јади говна!

 

10 јануари 2025 - 12:26