Пејачот на шанкот се вика Милан Бата Тимотијевиќ, роден 1908-ма во околината на Шабац. Долго мислеле дека ќе остане нем бидејќи како дете прележал шарлах, но когa прозборел - пропеал.
Во Белград завршил Правен факултет и се вработил како општински чиновник, но, бидејќи главната љубов му била музиката, наскоро станал постојан член на Кралската опера. Сакал и народна музика па често го имало на Радио Белград а првата грамофонска плоча ја снима во 1927 година. Има гостувано и во Виенската опера.
Втората светска војна ја дочекува како мобилизиран резервен офицер, се става на располагање на началникот на Главниот штаб на Кралството Југославија, генералот Дража Михајловиќ. Поголем дел од војната по задача минува во окупираниот Белград, како илегалец на Дража под команда на потполковникот Жарко Тодоровиќ Валтер.
Пред Црвената армија да влезе во Белград, успева да се извлече и да замине во Австрија. Во Салцбург бил ангажиран како пејач во тамошната опера и има снимено два филма. Преминува во Виена каде благодарејќи на правната струка и познавањето јазици, станува правен советник на ОН за бегалци. За истата организација работи и подоцна, кога ќе се пресели во САД.
Во 1959 година се запознава со 25 години помладата пејачка Џоан Корнел со која се венчаат и имаат заеднички настапи во САД, истовремено снимајќи плочи за продукцијата Балкан, главно српски народни, четнички но и арии.
Умира во 1988 година и погребан е на српските гробишта во Либертвил, Илиноис.
Ова подолу е документарниот филм од кој е земена сцената за Маратонци. Се вика „Приказната на еден ден“ на белградскиот Евреин Макс Калмиќ кого Германците го стрелаат веднаш по окупацијата на Белград, во мај 1941 година. Занаети, чаршија, нова средна класа со граѓански манири.... Интересно филмче.
п.с. Види и: „Почеток на Балкан Експрес“