Во длабокото

Умниот човек Владета Јеротиќ, српски психијатар, филозоф и сериозен познавач на човековата душа, викаше дека оние што од други вери преоѓаат во православие, на тоа се решаваат најчесто преку литургијата која знае да допре онаму кајшто е важно. Овде имаме еден величествен пример за тоа: архимандритот Серафим Бит - Хариби, еден од само двајцата луѓе на светот кој литургијата ја служат на арамејски јазик, јазикот на кој зборувал Исус.    

Бет Роарс е вокален инструктор, го слуша тоа и станува обземена од „прогонувачката убавина“ на хармонииите и динамиката. Еве ја нејзината анализа:

 

25 декември 2024 - 11:07