Off Topic

Вимблдонска утопија

За Макфакс Новак Ѓоковиќ изјави: „Имам голема желба да ја посетам Македонија, а, можеби, и нешто би организирале со Лина Ѓорческа и со Калин Ивановски“. Останатите портали во Македонија, за да избегнат да пренесат од конкурентски портал, но, веројатно, и поради кликбеит интерес, изјавата на Ѓоковиќ ја „пуштиле“ низ ВИ моделите па секој портал објави своја верзија на зборовите на Ѓоковиќ. Еден од нив беше: „Ѓоковиќ најави спектакуларен тениски меч во Скопје со Лина и Калин“.

Одбери ја својата криза на средни години

Не е лесно да си икс или миленијалец во „најубавите години.“ Премлади за умирање, престари за рокенрол, луѓето во тие години често знаат да поблесават во непознат правец, честопати во неколку контрадикторни правци. Ќе ги познаеш по тоа што почнале нешто скроз ново благодарејќи на животната мудрост, што ги откриле вистинските приоритети во животот и најмногу по тоа што се уби боже досадни кога ти зборуваат за тоа.  

Како рокенролот остана инфантилен

Погледнете ги Гиле и Аница Добра и ќе сфатите за што зборува Урош Ѓуриќ. За разлика од некои светски ветерани на рокенролот (Иги Поп, Дилан, Спрингстин...), добар дел од долговечните рокери од овие простори тематски не созреаја со своите години туку продолжија да рециклираат мотиви од својата младост, што знае да звучи и да изгледа баш гротескно. За разлика од една богиња Шемса, на пример.  

ВИ во одбрана на шефицата

Машинеријата на ЕУ има официјални алатки за вештачка интелигенција кои треба да им помогнат на функционерите и службениците во нивната работа. Ок. Германската европратеничка Кристине Андерсон поставила легитимно прашање: „Како да се ослободиме од Урсула фон дер Лајен како претседателка на ЕК?“ Системот веднаш ја блокирал заради прекршување на политиките за безбедност.

Коста Бургов има две солзи. Замрзнати.

После долга пауза, карактеристична за автори кои внимаваат на квалитетот (Ник Кејв, Боб Дилан...), еве ни го пак струмичкиот билбил. Песната почнува како да ќе грмне некој Далматинец од типот на Мишо Ковач но Коста ќе ја локализира и омекне со својот лирски вокал. Филозофска е, за смислата на животот, успехот... па и за смислата на самата физика: иако солзите биле замрзнати, тоест во тврда агрегарна состојба, тие сепак протекле низ неговото напатено лице „полно со неизвесности.“     

Лесни пари за лесни луѓе

Овде луѓе се заглавени по кладилници и мања-веча, но, во светот, главен муабет за комарџиски рефлекси се таканаречените пазари за предвидување во кои се влезени големи пари и бизнис империи (Трампови и други). Најголем меѓу нив е Полимаркет, бизнис проценет на 15 милијарди долари. Анализирале 1.100 видеа за да докажат дека за да с'скаат народ, Полимаркет плаќа за видеа со фејк добивки.

Вака не се работи

Момент од жива програма на една сиријска телевизија кога блиску до репортерот се случуваат две експлозии на терористи самоубијци. Јаден човек....

И за корисничка поддршка се потребни двајца

Телефонските разговори меѓу корисник и корисничка поддршка обично тонат во клисурата на изгубеното време заради две погрешни премиси:

Бразил не дава втора шанса

Видеото почнува како уште едно од оние видеа на кои се палат моторџиите, и во неполни 4 секунди се претвора во прописна Квентин Тарантино сцена. Целиот клип е сниман во Сао Паоло со камера монтирана на кацигата на моторџијата.

Изолирани песни

Само вокалот и тишината околу него, без ниту еден инструмент. Интимност на ниво како Боуви или Марвин Геј да ви пејат во ваша соба. Сите песни се земени во оригинал како што биле за спот и потоа им е тргната целта музиката.

Ентони Бордеин дозна за Македонија

Тоа е добрата вест. За малцинството идиоти во мнозинскиот народ имаме и лоша вест: за добрата вест треба да му заблагодарат на Албанец.

Топ 10-те Дилберт стрипови на авторот на Дилберт

Во 1989-та Скот Адамс го објавува привот стрип за Дилберт, кој истовремено е и првиот стрип на кој главниот фокус му е што се случува на работа и во канцеларија. Ова се десетте омилени Дилберт стрипови на Адамс.

Час по филм

Кратка лекција за снимање филмови во која се опишани 5-те техники на рускиот режисер Пудовкин. Човекот е малку познат надвор од филмски кругови, ама неговите техники ги има во секој подобар филм што во последниов век е сниман во Холивуд и низ светот.

Синдикалка на денот

Ненси Салгадо, самохрана мајка на две деца, 10 години на минималец во Мекдоналдс, неуморна во битката да се покачи сатницата на 15 долари. И има петља да го прекине говорот на врховниот господар на компанијата, Џеф Стратон.

Овен Вилсон како Локи

Том Хидлстоун (оригиналниот Локи во Авенџерс) го имитира Овен Вилсон како би изгледал кога би ја имал улогата на Локи.

10-те најскапи возењa

Во предвид се влезени сите можни форми на возила, од автомобили до носачи на авиони и ракети. Рангирањето е направено според тоа колку пари чини да се мине една милја со нив.

Детето што прерано порасна

Човек е најмногу подготвен да се соочи со себе дури во моментот кога ќе го достигне дното заради своите постапки. Никогаш не е пријатно да се гледа кога вакви егзистенцијални проблеми ќе спопаднат мало дете.

Снимени сте

Кога на снимател ќе му утрне ногата од седење покрај кошаркарско игралиште. И ред други слични работи.

Чакаларов на крстопат

Знаеме дека тагата е сè уште свежа од вчерашната трагедија која се случи на кружниот во Ѓорче и дека е многу бесчуствително уште сега да чепкаме по оваа тема, ама, туборг ор нот туборг, прашањето е сега: класична раскрница или кружен тек? Со дилемата се занимаваат Митбастерс.

Како да го оставиш Џон Стујарт без зборови

Малала Јусафзаи е пакистанската ученичка која минатата година (на 14-годишна возраст) беше застрелана во глава од Талибанците, заради тоа што се бореше за правото девојчињата да можат да учат во основно образование. Деновиве стигна да гостува кај Џон Стујарт, еве што имаше да му каже.

Што гумиче има оваа?

Ги знаете сите оние чешми што капат и чија единствена задача на овој свет е да нè нервираат со својот звук? Е па, им ја најдовме Матицата. Гад!

Големиот Гетсби, пред и после

Би можеле да им завидуваме на актерите од филмот Големиот Гетсби (Леонардо Ди Каприо, Кери Малиган) заради гламурозните сетови во кои го снимале филмот. А тие, кога ќе се врателе од снимање, само зелени чаршафи памтеле.

Дотако сам дно живота

Јунуз на гитара и Рон со својот глас, двајца од 'оние луѓе кои сè уште сакаат да го почувствуваат мирисот на душата, или барем да ѝ го слушнат гласот'.

Запад vs. Исток

Не се работи за тоа кој е подобар, туку кои се разликите. Девојката што го прави ова (Лиу Јанг) родена е во Кина, а од 14 години живее во Германија. Сината боја е Германија, црвената е Кина.

Том Хенкс теорија

Што ако секој филм со Том Хенкс е само еден дел од епската приказна за неговиот живот. Целото патешествие од Форест Гамп до Капетанот Филипс.

Арнолд наместо Арнолд

Дечково е подобар Шварценегер од Шварценегер, барем во зборењето, на бенч сигурно нема да му оди подобро.

Банкси за Талибанците

Култниот уличен артист Банкси на својот Јутјуб канал постави видео кое почнува со документарна снимка со некакви муслимански бунтовници. Имаат базука и се спремни нешто да разнесат во воздухот. Пукаат, се слуша стандарднотот "Алаху екбер" а потоа ситуацијата станува Банкси.