Писмото на Џеки Кенеди до Хрушчов

Моите последни ноќи во Белата куќа

Седмица откако Џон Кенеди беше убиен, во една од последните ноќи што ќе ги мине во Белата куќа, Жаклин Кенеди му напишала писмо на советскиот лидер Никита Хрушчов.

Вашингтон, 1-ви декември 1963-та

Драг, г-дин Претседател

Би сакала да Ви се заблагодарам што го испративте г-дин Микојан како претставник на погребот на мојот сопруг.

Тој беше толку вознемирен кога минуваше покрај ковчегот, што навистина се потресов.

Дента се обидов да му предадам порака за вас - меѓутоа тоа беше толку ужасен ден за мене, и не знам дали моите зборови излегоа како што ги мислев.

Па сега, во една од последните вечери што ќе ги минам во Белата куќа, во едно од последните писма што ќе ги напишам на оваа хартија во Белата Куќа, би сакала да ви ја напишам мојата порака.

Ви ја испраќам само затоа што знам колку мојот сопруг се грижеше за мирот и колку односот меѓу Вас и него беше суштински за ова. Тој цитираше Ваши зборови во некои од неговите говори - "Во следната војна преживеаните ќе им завидуваат на мртвите."

Вие и тој бевте противници, меѓутоа бевте сојузници во решителноста дека светот не треба да биде разнесен на парчиња. Се почитувавте меѓу себе и можевте да се справите еден со друг. Знам дека Претседателот Џонсон ќе даде се од себе за да воспостави иста врска со Вас.

Опасноста која го мачеше мојот сопруг беше дека војната многу полесно може да биде започната од малите луѓе, отколку од големите

Додека големите луѓе знаат за потребата да се самоконтролираат и воздржат - малите луѓе некогаш повеќе се понесени од страв и гордост. Кога само и во иднина големите луѓе би можеле да ги натераат малите да седнат и да разговараат, пред да почнат да со расправија.

Знам дека Претседателот Џонсон ќе продолжи со политиката во која мојот сопруг длабоко веруваше - политика на контрола и воздржување - и нему ќе му треба вашата помош.

Го испраќам ова писмо бидејќи длабоко сум свесна за важноста на односот кој постоеше меѓу вас и мојот сопруг, а исто така и заради вашата и љубезноста на г-ѓа Хрушчов во Виена.

Прочитав дека таа имала солзи на очите кога ја напуштила американската амбасада во Москва, откако се потпишала во книгата на жалоста. Ве молам заблагодарете и за тоа.

Искрено,
Жаклин Кенеди

20 ноември 2013 - 14:38