Off Topic

Зошто луѓето престанаа да носат капи и шапки?

До 50-тите години на минатиот век, мажи, жени па и деца речиси никаде не оделе гологлaви. На почетокот на 60тите, капите и шапките почнува да ги снемува. Неколку можни причини: повоената младина пружа отпор кон традиционалното, автомобилите, Битлси и Кенеди.  

Едни китови си помагаат, ние очи ќе си извадиме

Исклучително редок момент за животни кои не се примати. Група китови од редот на најголемите (Physeter macrocephalus) се собираат за да подигнат едно новороденче и да му помогнат да почне да плива. Важен момент бидејќи во тие пресудни мигови, малите знаат да потонат и да не успеат да заживеат. Да биде симболиката уште појака, помагаат возрасни женки од различни фамилии.   

Колку фрижидери растури Русија до сега?

Пред четири години, војната во Украина се чинеше при крај, со недвосмислен пораз на Русија. Тоа беше време кога првиот човек на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, тврдеше дека руската армија е принудена да вади чипови од фрижидери и машини за перење. Четири години ништо од тоа. Ни шиткаат долга војна со приказни дека никаква договори и дипломатија со агресор не доааѓат предвид, резимира Глен Дизен. 

Пит Хегсет: Ние преговараме со бомби

Пазете ја оваа силеџиска бесрамност: „Никогаш во историјата една модерна армија не била вака уништена“, вика американскиот министер за војна. „Ова е за во историски читанки, затоа што претседателот ни ги одврза рацете за да го казниме непријателот што побрутално можеме“. А Трамп позади, со говор на тело како дете во градинка кога го фалат.  

Што нуди иранската пропаганда?

Паралелно со онаа вистинската војна, на интернет се води и жестока пропагандна војна меѓу завојуваните страни, Америка и Израел од една и Иран од друга страна. Мора да признаеме дека појма немаме каква е реалната ситуација и кој победува (за разлика од маалските аналитичари кои знаат сè). Но бидејќи западната пропаганда ја гледаме секојдневно, да видиме едно пакетче од другата страна. Заебано.

Како е можно да го заборавиме ОВА?

Дете си сè додека кога треба да отидеш од точка А до точка Б, тоа го правиш не со одење туку со трчање, трчкање или со она познато детско постскокнување. Но, кога долго време ќе заборавиш на детето во себе, се случува ова - да заборавиш да потскокнуваш! Апсолутно телото да ти го заборави таквото движење! Деца да ја гледаат ова компилација, ќе ги мислат за луѓе со посебни потреби.

Го знаете ли диското на Јутјуб?

Оваа супер интересна алатка Јутјуб ја има пуштено уште пред 4 години, ама тивко, скриено, да им е мерак на луѓето кога ќе ја најдат. Финтата не е за клипови со мачки туку за музика, да создадете бескрајна река песни по ваш избор. Еве како:

Лапање со непознати

Кога така ќе го наречеш, звучи крајно простачки. Но, во проектот на Татиа Пилиева резултатот е сосема поинаков. Првиот бакнеж на 20 луѓе кои воопшто не се познаваат....

За 28 години стануваме малцинство!

Според официјалните статистички показатели, белците во САД ќе станат малцинство во 2048-ма година. Време е секирациите да почнат. Не.

Л.А. Сирија

Двајца комплетни жбитаци, нафурани на гангстерски стил од родниот крај, бијат слободарска битка против озлогласените сили на режимот на Асад. Е, да, е баш вакви ќе му донесаат раат на народот.

Од главата си плаќаме

По правило јапонските реклами човек не може да ги предвиди. Оваа реклама е доследна на правилото. Инаку е за кредитни картички, а коментарот на крај е: "Зависи од тоа како ја користите главата; зависи од тоа како ја користите картичката."

7 годишната Били Холидеј

"Gloomy Sunday" треба да звучи онака како што Били Холидеј нè навикна. Со глас потопен во виски, изрезбан од чад од цигари и напукнат од триста бељи човечки. На ист начин, само без ништо од ова, 7 годишната Ангелина Астар, на норвешкиот "Имам талент".

Ведро, до умерено комплицирано

Сосема вообичаена временска прогноза и разгледување на можните сценарија за тоа каде какво ќе биде времето. Ама, ќе видите и сами, немате чувство дека го следите синопсисот за следната сезона на Игра на троновите? 

Сакаме ли ваква автобуска?

Кај нас не е ладно колку во Канада а и тешко дека ќе се најдат доволно раце за да направи електрично коло. Не за друго, секогаш ќе сака некој цигара да запали. Но, потегот и поентата на рекламата, одлични.

Кој ги сака луѓето кои никој не ги сака?

Да ја снимаа рекламава кај нас ќе ги имаше оние момците што проверуваат дали си платил за зонско, курирот од суд што носи покани и таксист.

Инженер за торти

Станува збор за жена која порано има работено во НАСА и има магистратура по инженерство. Сега целото свое знаење го користи за правење на неверојатно детални ремек дела од торти. Иако во секое време сме далеку повеќе за торта со најпрост облик и најсложени длабоки чоколадни вкусови, ова заслужува пофалба за завршената работа.

Кралици на војната

Идејата дека "зад секој голем маж стои жена," тука е адптирана во "во секој голем маж што почнал војна, се крие уште поголема кралица."

Како да се избришете од интернет?

Кратки и прецизни графички упатства за тоа како можете да изчезнете од интернет. Во девет чекори.

True Detective со свои зборови

Стигнавме до моментот во True Detective кога не е срамота да признаеш дека немаш поим што значи пола од дијалогот на Раст Кол и Марти Харт, без разлика што само заради тоа си ставил превод на серијата. Еве како изгледа муабетот меѓу двајцата:

Пакетче руска пропаганда

Русите очекувано се попалија по ситуацијата во Крим па почнаа да фрчат интернет фотки и монтажи за национално куражење. Што штосни, што глупи.  

Писмо на 5 годишно белграѓанче до Жан Пол Белмондо

Додека неговите врсници лудуваат по Супермен и Бетмен, на 5 годишниот Максим Драшковиќ од Белград најголем идол му е Жан Пол Белмондо. Толку идол што со помош на татко му решил да му напише писмо во кое го вика да дојде во Белград и на сите да им покаже дека не остарел, бидејќи "во Париз луѓето не стареат".

Драмата зад добивање Оскар

Како изгледа доделувањето Оскар од страната што не ја гледаме - од репортажното возило на телевизијата што го прави преносот. Тоа што нам ни изгледа добро завршена работа, во основа е перфектна организација и совршено уиграна екипа.

Сите сме ние Стојановски

Ние сме Стојановски, станот ни е меѓу Димитрови и Беќири, на глава ни тропаат Јовановиќ и Хоџа а оној стариот под нас, кој едвај чека да се одселиме од зграда ви е добро познатиот Пападопулос.

Фалонови леви сили

Цело ова време Start me up на Стонси да ти имала сублиминална порака за убавината на живот во Југославија. И Џими Фалон само што го открива ова.

На социјалните мрежи

- Ако не пишуваш смешки, досаден си. Ако пишуваш смешки, многу си неозбилен и не ги сфаќаш важните теми.
- Ако коментираш политика, многу го тупиш за политика. Ако не пишуваш за политика, ти си пасивна овца.
- Ако ставаш приватни слики, многу се цепаш. Ако не ставаш приватни слики, немаш приватен живот.