Големите компании како Гугл, Фејсбук и Твитер се опседнати со богатството кое го имаат: информациите за тоа што бараме, каде талкаме, што пишуваме, што апдејтираме.... за врз основа на тоа да знаат како на нас најлесно да заработат (и тие и оние што плаќаат реклами кај нив).
Еден старт-ап од Калифорнија наречен Five постави алатка која ви дава претстава што тие би можеле да мислат за вас. Го споредуваат она што сте го пишале и ви даваат стандарден психолошки профил на личноста.
Не е јасно како знаат македонски, ама некако погаѓаат. Ете, за една личност од нашата редакција пишале дека e "интровертна, инвентивна, сензитивна, аналитична и ефикасна".
Така е. Да знаеле уште повеќе, би пишале и "се договара за заедничко одење на свадба а сама купува поклон".
Алатката е тука.