10-те омилени фантастики на Нил ДеГрас Тајсон

Човекот е астрофизичар од Харвард, со посебна дарба да преџвака комплексни концепти околу физиката, вселената и општо науката, и да и ги послужи на публиката во "човечка" верзија. Освен ова посебно има мерак да уништува филмови кои безобѕирно ги игнорираат законите на физиката (како сцената од Ѕвездени патеки во Темнината, кога Ентерпрајз се крие под вода). Ова се неговите омилени научно-фантастични филмови.

Сакам фантастики со голем буџет. Мојата листа, со два исклучока, го покажува ова. Сакам фантастики што до крајни граници го растегнуваат талентот и фантазијата на експертите за визуелни ефекти. И пред се филмот треба да создаде визија за иднината која или знаеме дека не ја сакаме, или знаеме дека ја сакаме.

The Day the Earth Stood Still (1951)
Приказната е толку силна што филмот немаше потреба од големи специјални ефекти или чудовишта или насилство, за истовремено да дава надеж и да ужасува.

 

2001: A Space Odyssey (1968)
Првиот филм кој целосно е посветен на откривање на вонземјанска интелигенција, а притоа ниту еднаш не ја покажува како изгледа, знаејќи дека нашата имагинација ќе заврши подобра работа отколку Холивуд. Во секој случај, ова е визуелна оргија за патувањето и истражувањето на вселената од чие остварување се уште сме далеку, дури и 13 години по 33-годишната иднина во која се случува филмот.

 

Planet of the Apes (1968)
Неодамна го гледав ова, и во многу важни детали филмот уште држи по сите овие години. Не ми се допаѓаше кога прв пат го гледав. Хиерархијата на мајмуните кои раководеа со планетата, шимпанзата беа академици, бабуните беа војници, орангутаните беа дипломати. Акционен филм кој беше огледало на нашиот живот и нашата цивилизација.

 

The Terminator (1984)
Вешто преплетена акција, насилство, свесни машини, хероина и патување во времето. Сето ова собрано во збиена и веројатна приказна. И кога ќе размислиш, со перфектна улога за Арнолд Шварценегер, претежно нем терминатор кој многумина повеќе би го гледале отколку да го слушаат.

 

The Quiet Earth (1985)
Слаб буџет, слаба дистрибуција. Еден од многуте филмови кои за тебе замислуваат каков би бил животот ако ти си последниот жив човек на Земјата. Во овој случај, приказната, и секојдневната научна писменост на главниот лик, го држи гледачот во постојана напнатост, чудејќи се што се случило и зошто.

 

Contact (1997)
Вториот филм што го знам кој е целиот посветен на контактирање со вонземјанска интелигенција, а сепак ни на момент не ги покажува како изгледаат. Веројатно не е чудо што Карл Саган го советуваше Артур Кларк да не ги покажува вонземјаните во "2001: A Space Odyssey," бидејќи и "Contact" е приказна на Карл Саган. Брилијантно истражување за тоа како нашето културолошки и религиозно плуралистичко општество би реагирало на сознанието дека сме биле контактирани од вид кој е поинтелигентен од нас.

 

Deep Impact (1998)
Има голем број филмови за катастрофален астероид/комета. Ама овој најмногу се потруди да се приближи до законите на физиката, и даде се од себе за вие да се грижите за сите карактери во филмот, па опасноста тие да умрат му беше важна на гледачот. А и Морган Фримен веројатно најдобро во историјата на Холивуд ја одигра улогата на претседател на САД.

 

The Matrix (1999)
Мојот најдобар филм во која било категорија. Од почетната шпица до крајната сцена, секој момент од овој филм беше толку добро замислен и толку добро извршен што и покрај прикажувањето на комплетно фантастичен свет, гледачот беше таму, во него, искусувајќи го овој свет заедно со самите ликови.

 

The Island (2005)
Освен преголемата минутажа на сцените со бркање, мислам дека овој филм е длабок во својата порака, како што е и визуелно неверојатен. Ретко студирање на науката во служба на суетата, помешана со истражување на корпоративните профити, човечкиот идентитет и слободната воља. Секогаш сум го сметал Gattaca за ниско-буџетен роднина на овој филм.

 

Watchmen (2009)
Не знам дали сум сам во мислењето дека Watchmen е најдобриот филм во жанрот, меѓу сите филмови со суперхерои. Ми се допаѓаше затоа што ликовите има целосно изразени, комплексни профили на својата личност. Тие искусуваа љубов, омраза, одмазда, мегаломанија, морална болка и вознемиреност. Немаше ништо елегантно и исполирано околу нив. Заради овие причини, тие ми беа пореални на мене. Ако светот навистина имаше суперхерои, Watchmen е светот во кој тоа би постоело.

почесно спомнување:

Blade Runner (1982)
Приказната истовремено е длабока и страшна. Ама никогаш не ми беше мила на начин на кој тоа важеше за многу љубители на жанрот. Заради што овој коментар е повеќе признание отколку рецензија.

via Giant Freaking Robot

9 јуни 2014 - 11:21