Off Topic

Кога државник си ја почитува земјата, и империите знаат да се повлечат

Да ви раскажеме една епизода од богатиот политички и државнички живот на Ли Куан Ју, човекот кој се смета за татко на модерниот Сингапур која објаснува зошто тој се смета за еден од најголемите државници во 20-тот век. Личниот интегритет на еден лидер не е само квалитет кој важи за него, тоа е и капитал кој тој го вложува во градењето доверба и долгорочна успешност на една нација.  

Што се мисли таа Каталонија?

Во Каталонија (формално, Шпанија) некој продава имот со куќа, лозје и пар дребулии. Цената е мрсничка, 825.000 евра, но, почекајте ви кажеме што сè следува во таа цена па подоцна сами направете споредба со цените во Скопје и другите наши „велелепни“ средини.

И за висината ли лажеше бе, стари?

На њујоршката возачка дозвола од 2012 година, на негова 66 годишна возраст, наведено е дека Доналд Трамп е висок 187 сантиметри. Подоцна изгледа се има извишено па последниве години службите инсистираат дека е висок преку 190 сантиметри. Деновиве се сретна со лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун кој е висок 193. Што значи дека разликата  меѓу нив би требало да биде само три сантиметри. А скоро цела глава е.

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Во Битола би го викале Темнио

Меланoтан II е синтетички пептид аналоген на природниот хормон кој го имаме. Развиен е во 1980-тите години на Универзитетот во Аризона како средство за потемнување на кожата без потреба од долго изложување на сонце. Не е одобрен од ниедно регулаторно тело но се продава нелегално а се инјектира поткожно. Изгорен од желба да биде потемнет, еден цреп го користел цели 17 години, за да сподели слики „пред и потоа“. 

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

8 чаши вода на ден

Треба да пиеш 8 чаши вода на ден. Не треба да пиеш 8 чаши вода на ден. Треба. Не треба. Треба и здраво е. Не треба и не е здраво. Треба! Не треба! Треба... Не, не треба...

Првиот филмски трејлер направен од компјутер

Приказната е следна: Фокс ги контактираат ИБМ и бараат Вотсон (едно од најголемите достигнувања во вештачката интелигенција) да направи трејлер за Морган, новиот филм на Фокс на тема вештачка интелгенција. Пред да го состави трејлерот Вотсон "гледа" стотици трејлери од хорори и трилери. Ова е трејлерот што Вотсон одлучил да го состави.

РИП на денот

Каква е врската меѓу неодамна починатиот актер Џин Вајлдер и Ера Ојданиќ, еден од најголемите геџовани на српската народна музика? Како каква? Очигледна! Станете и аплаудирајте:

Реклама која мириса поинаку

Не знаеме колку шишенца од парфемот ќе им продаде (колку рекламата е sales driven, што би се рекло на старо-адвертајзерски) ама Спајк Џонз (Being John Malkovich) направил урнебесно добра работа за Кензо. Имате згодна девојка (ја гледавме неодамна во The Nice Guys), имате парфем, но понатаму ништо не е исто како кај другите реклами.

Омаж на денот

''Отворе се очи ко кафанска врата, еј ти ночи, сестро моја, прими ме за брата''

Го знаете ли „правилото на мал пенис“?

Се работи за една многу досетлива адвокатска цака поврзана со авторските текстови и тужбите за навреда. А штом се спомнува пенис, особено мал, јасно е дека целата работа е поврзана и со големо его. 

Бракот како единствена причина за развод

Да не биде баш сурово како „сите ќе умрете“, ама сите ќе се разведете. Барем кон тој исход тера целата на прв поглед многу издржана логика на клипов.

Уличниот џедај и телекинезата

Бидејќи ова не можеме да го објасниме никако поинаку, го прогласуваме за класична демонстрација на телекинеза. Џабе давате отпор, тоа е!

Дај ми доволно големо ластиче и ќе го оладам светот

Не е тој Ајнштајн па да ви ја објасни својата теорија со едноставна формула. Ама затоа има ластичиња и има мустаќи па е интересно да се прати јал ластичето ќе му пукне и ќе го запука по тоа мустаќот. А дали неговата идеја за фрижидер кој ќе работи на ластичиња е генијална, појма немаме. Само знаеме дека ластичето не му пукна.

Најдобрите 50 секунди во историјата на британската телевизија

Сериозноста со која главниот лик пристапува кон своето космичко идиотско хоби е премногу дури и за земја од која потекнува целата екипа на Монти Пајтон.

Рапери, не така одамна и сега

По некои разликата е во музиката што ја користат и текстовите што ги вадат, по други разликата е во тоа што новите рапери не треба да постојат.

Украинскиот Т-1000

И тие имаат свој Терминатор. И тој знае да се закачи на автобус, па да биде прегазен од тамче па мртов ладен да стане и да продолжи да си брка работа.

Јутјубер на денот

Дремење на Јутјуб е следниот логичен чекор во еволуцијата на губење време откако по телевизијата, и сериите дојдоа на статус "нема ништо интересно за гледање". Ваквиот развој на настаните  го приметивме кога се фативме себе си дека сме се претплатиле на над 30 Јутјуб канали. Денес ви го претставуваме Ози мен ривјус, како што името кажува дечково е Австралиец, како што името не кажува дечково е феноменален во коментирање / рецензирање.

Село

Посветено на сите луѓе кои живеат во селата на поранешна Југославија.

Како се играше ластик?

6-минутно видеоупатство за најпопуларната женска занимација пред да се појави селфито. Младите да научат, постарите да се потсетат и да размрдаат малку газиња. „Е- ма-ес-ас-а...“ ја памтите (ви текнува дека тоа е - бааги лошо - спелување на зборот Мисисипи?)

50 нијанси црвено

Олимпијците на Британија во Рио собраа рекорден број медали. Триумфалниот поход назад заглави на првиот чекор во татковината, кога сфатија дека некој од британскиот олимписки комитет на цела можна британска олимписка делегација им купил идентични црвени патни торби.

Кој го тоа направи?

Лесно се води истрага кога имаш осомничени со грижа на совест. Со џукели на две нозе истово би одело многу потешко.

Клип што ќе ви го расипе филмот

Поентата е дека филмските награди се начин на кој им се одава признание поважните уметнички достигнувања во кинематографијата. Во реалност, поентата е кој ќе даде повеќе пари. Толку од филмот.

Величенствената

Треба да се помириш дека никогаш нема да бидеш толку самоуверен во себе како дебела тинејџерка што на инат на сите хејтери снима видео туториал за тоа како се мацаат орео колачиња во млеко, притоа проаѓајќи ги сите глупи стереотипи што би ви текнале за неа.

Моментот на предавството

Наивни, пренаивни деца што уште веруваат дека родителите им мислат само добро. И така се до моментот кога ќе им дадат да пробаат темно чоколадо, вистински темно чоколадо со над 70% какао.

Србија до Конан

Сиже на финалето во кошарка меѓу САД и Србија од Олимпијадата во Рио. Поради ексклузивните права, не можат да емитуваат ниту секунда од снимката, ама сепак успеваат автентично да го пренесат натпреварот.

Проштален говор на Џон Оливер

Говорот е упатен до Доналд Трамп и во него најдругарски го советува како од целата работа може да излезе како легенда, а сè што треба да направи е да се откаже од претседателската трка. Проштален, затоа што оди на одмор до 20 септември и се надева дека до тогаш Трамп ќе го има послушано.

Турбо-фолк без музика

Пред погрешно да се сфатиме, авторот на монтажите нагласува дека: целта на спотовите не е нечие вреѓање или омаловажување.