Off Topic

И за висината ли лажеше бе, стари?

На њујоршката возачка дозвола од 2012 година, на негова 66 годишна возраст, наведено е дека Доналд Трамп е висок 187 сантиметри. Подоцна изгледа се има извишено па последниве години службите инсистираат дека е висок преку 190 сантиметри. Деновиве се сретна со лидерот на сенатското мнозинство Џон Тун кој е висок 193. Што значи дека разликата  меѓу нив би требало да биде само три сантиметри. А скоро цела глава е.

Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Во Битола би го викале Темнио

Меланoтан II е синтетички пептид аналоген на природниот хормон кој го имаме. Развиен е во 1980-тите години на Универзитетот во Аризона како средство за потемнување на кожата без потреба од долго изложување на сонце. Не е одобрен од ниедно регулаторно тело но се продава нелегално а се инјектира поткожно. Изгорен од желба да биде потемнет, еден цреп го користел цели 17 години, за да сподели слики „пред и потоа“. 

Трамп е првиот американски претседател победен од едноклеточен организам

Фамозниот рефлектирачки базен на Трамп за кој пукна околу 15 милиони долари (дадени со директен договор, без тендер и наддавање) позелене од алги и почна да се лупи. Тврди дека некој со нож го има сечено. Кој доаѓа бре со нож за да сече бетонски базен? Ене ги, сега околу него ставаат огради „против вандали“.

Изјава на еден воен злосторник

Бен Гвир и Смотрич важат за најрадикалните министри во владата на Нетанјаху (не дека другите се нешто многу поумеерни, види како размислува министерката за социјална еднаквост). Бен Гвир го знаеме како тормозеше луѓе од флотилата за Газа (овде), отвораше шампањ и носеше значка во облик на бесилка кога се воведе смртна казна за Палестинци (овде), повикуваше Евреи да го населат јужен Либан (овде)...

Топката која го уби фер-плејот

Новата генерација фудбалски топки, опремени со сензори и постојан пренос на податоци, го менува начинот на кој се гледа и се суди фудбалот. „Трионда“ не само што мери допир, брзина и траекторија, туку и го намалува просторот за човечка грешка - и интуиција. Ако не па, и играчите да ги опремиме со сензори за еден ден полесно да ги замениме со роботи.

Тематско Луи СиКеј пакетче

Мастурбирање, секс, порно, патриотизам, депресија, расизам и другите теми што брилијантно ги работеше „човекот што го кажува она што сите го мислиме“.

Како да го збеснеш сопственото дете во 1 потег

Еден од непогрешивите начини е - дај му да нацрта нешто што ќе го истетовираш на себе. Што ќе речат некои искусни родители „оди па кажи му после дека мора да јаде боранија“.

Да ви каже нешто Дејв Шапел за Холивуд

Поентата на Шапел е дека за да успееш во Холивуд (шоубизнис општо), посебно за тоа да достигне глобални размери, мора, ама мора, да си ужасно силен како човек (како карактер). Прашањето на Шапел (11 години пред есенва да почнат да се редат секакви непријатности од Холивуд), е што тоа треба да му се случи на така силен човек за да доживее крах, како што се случува да видиме од некои од најпознатите ѕвезди.

Ако продавате кола, набавете си режисер

Жената ја огласува својата стара Хонда за 499 долари. Маж ѝ, режисер, решава малку да ја подбутне работата и да му даде душа на огласот. Хондата (произведена во 1996-та, со поминати 230.000 километри) на крај постигнува цена од 100.000 долари.

Луѓето кои херојски бранат печени прасиња

Интересен и поучен експеримент во Бургер Кинг, прилично индикативен за човековата природа. Луѓето имаат изострен инстинкт да се побунат ако некој им ја „измалтретира“ нивната порција. Кога истото тоа му се случува на човек (во случајов момче) во нивна близина, мнозинството главно нема проблем со апетитот.

Знам каде живее твојата мачка

На јавни хостинг сервери постојат 15 милиони фотографии тагнати со „маче“. Овој проект се ограничува на еден милион слики од кои можеш да дознаеш во која куќа живее сопственикот само затоа што бил горд на своето маче па решил да сподели фотка од него.

Ко те има, тај те нема Ф1 болид

Иако со квалитетни информации (пример како лежат возачите на Ф1 додека возат) и со одлично изведен разговор меѓу водителот и гостинот, главниот лик на видеото е Ф1 болидот на Мерцедес. Технички болидот не е таму, тоа што ќе го видите на клипот е компјутерски генериран болид, и ќе мислите дека измислуваме.

Правила и богати

Ако треба во едно видео да го сведеш избегнувањето данок од ултра богатите мултинационални гиганти, ова е тоа.

Октомвриската револуција во живо на интернет

Октомвриската револуција е „октомвриска“ само затоа што тогаш уште се смета по „стариот“ календар, инаку по денешното броење на деновите се паѓа на 7-ми ноември. Денес е 100 години од Октомвриската револуција, и во таа чест на интернет е поставен „Проект 1917“ или како би изгледала Октомвриската револуција кога од минута во минута би била пренесувана на социјални медиуми, со твитови и фб статуси од Ленин, Троцки, Дан и компанија, снимки од вонредни вести и извештаи од случувањата.

5 работи што станаа поштетни од пушење

Бројот на пушачи меѓу возрасните во САД е паднат од 42% во 1965 на 15% во 2015. Како што оваа опасност почнува да се стишува, така научниците почнуваат своето внимание да го вртат кон животни ризици кои се во подем и зафаќаат се поголем удел од црните статистики.

Инстаграм туристот што не мрда од дома

Агорафобија е страв од отворен простор, јавни места и многу луѓе, и најчесто резултира со самонаметнато затвореништво во сопствениот дом. Џеки Кени е од Нов Зеланд, живее во Лондон, и страда од агорафобија. А и се шета и се плаче. Драмата на Кени значително се стишува кога таа го открива Гугл стрит вју, и сега не се симнува од сервисот. Како што „патува“ низ Стрит вју, така почнува да прави принтскрин од места на кои била и да ги објавува на Инстаграм. Моментално на Инстаграм ја следат над 80.000 луѓе, и чекаат да видат на кое ново место ќе ги однесе.

Кратка историја на Балканот

Место каде што Римјани тепаа Авари за потоа Авари и Словени да тепаат Римјани па после Словени тепаа Келти и Угари за потоа Словените да бидат тепани од Турци и Угари кои се тепаа и меѓусебно за на крај Турците да бидет потепани а на Словените да им остане да се тепаат со Угари.

Да ја вратиме неделата

Kрајно време е да ја вратиме неделата. Ако тоа брзо не го направиме, никогаш веќе нема да ја видиме. А живот без недела, односно, живот без одмор, веќе не е живот, туку тегобен рингишпил кој се запира само еднаш - тогаш кога е доцна за сè.

Кимел традиционално ги порази децата на Америка

Пак истиот предизвик од Кимел до родителите, да им ги земат сите бомбони, чоколатца и какви сè не благца што маливе ги собрале претдходната вечер по куќи, и да им кажат дека ги изеле. Родителите пак повеќе од волни да соработуваат со Кимел против родените деца.

Човекот кој прв ја импровизираше американската химна

До 1968 година, американската химна се пеела канонски строго, како што налага оригиналот. Но тогаш на сатдион излегува еден слеп човек, со гитара в раце и отпејува своја верзија на химната. Оттогаш „The Star Spangled Banner“ никогаш не звучи ама баш исто.

За чистењето токсини

Логиката е дека систем кој милиони години еволуира, се штелува и адаптира, и е поставен така што во секоја негова нова верзија треба да се пренесуваат само подобрените и унапредени функционалности и можности, зависи од тоа дали ти ќе купиш нешто за да му помогнеш да се прочисти и спаси од токсини. Од друга страна па, зошто некој би стоел на патот на вашата клизма?

Брзи и бесни и Швеѓани

На шведската пошта, Постнорд, редовно и фалат најразлични пратки од поштенските камиони. За да не обесуваат со години, овој камионџија нè краде, оној камионџија нè краде, решаваат кај пратките да монтираат камери. И стварно не краделе камионџиите, туку нинџи, или како и да се викаат луѓе што можат да се качат на камион што се движи со 80 км/ч, да отворат врата, да влезат во приколка и после сè да излезат и да затворат како ништо да не било.

Оригинал девојка

Се вика Илона Бугаева, 18 години, Санкт Петербург. Младата Русинка сака да се преправа во познати филмски ликови и тоа го прави толку добро што кога ќе ги прелистате нејзините фотографии, нема да ви биде јасно како таа всушност изгледа.

Оффнет, корисничка поддршка

Фушерски и без стратегија ги користиме ние тоа мрежите. Ќе споделиме наша содржина ама после тоа ретко се враќаме да видиме што се коментира и каков е „гласот на народот“. Криво ни е што немаме време да ги прочитаме сите умни, луцидни или духовити коментари. А некогаш уште покриво ни е што сме ги прочитале оние другите. А не се да им ќутиш. Или бар да не удриш на заеб... зафрканција.

Чудесијата заради која Холандија не е под вода

Во 1953 на Холандија и се случува масовна поплава која ја потопува дотогашната холандска заштита од поплави. Загинуваат над 2.500 лица (спроед Википедија), а поплавено е речиси 9% од вкупното обработливо земјиште во Холандија. По ова Холанѓаните се зафаќаат со изработка на Делта проектот, кој е прогласен за едно од новите Седум светски чуда.

Аниматорот

Се вика Ник Мареј Вилис и цртањето не му е толку силна страна колку што му е наоѓањето перспектива што ти не ја гледаш и тоа да го искомбинира со анимација. Еве го на тема филмови и на тема фудбал.

Да му ги немаш маките на Зукерберг

Ќе го учиш, ќе го пазиш, ќе го носиш на курсеви и семинари за човечко понашање, и ќе го седнеш пред камера за на крај пак да ти каже дека најтежок момент во живот му бил кога одбил 1 милијарда долари. И како после луѓе да не веруваат дека е робот?

Другарите се познаваат кога си досаден со инстаграмот

Само вистински другар ќе ти влета со вилушка во јадењето што пробуваш да го сликаш за на Инстаграм, затоа што прво, никогаш нема да станеш фотограф; второ, многу мерак се прави на оваа страна. Муш!

Девет животни лекции од Тим Минчин

Не биди  во постојана потрага по среќа. Среќата е како оргазам, ако многу мислиш на тоа, ништо од тоа. Не мора уште сега да знаеш што ќе правиш со остатокот од својот живот. Повеќето луѓе кои знаеја што со себе кога имаа 20 години, сега се во тешки кризи на средните години. И не биди сељак со келнери.