Off Topic

Затворениците ги интересира само Квентин Тарантино

Паднатиот филмски могул и осрамотeн крал на Холивуд во самица проаѓа 23 часа на ден. Чита лектири, книги и мемоари, понекогаш ќе изгледа филм, стравува дека ќе умре зад решетки бидејќи има рак на коски. Признава дека бил нахален и арогантен, но не и дека некого сексуално нападнал. За оние кои го обвинија вели дека главно се работело за пари или за тоа да се биде дел од линчот против него. 

Подемот и падот на „хак ту“ девојката

Приказната за младата и шармантна девојка од една американска недојдија од 700 жители во Тенеси е поучна по многу линии. Хали Велч преку ноќ стана популарна, преку ноќ стана богата, ја намирисаа преварамти, ја искористија нејзината популарност, луѓе изгубија животни заштеди а таа се повлече на неодредено. Сега е вратена, онаму кај што викаше дека никогаш нема да отиде.   

Новиот Зоки на Вован и Лексус е Реза

Руските мајтапџии го насамарија Реза Пахлави кој е изгорен на бел коњ да се врати во земјата од која во 1979 година избега неговиот татко. Му се претставиле како советници на Фридрих Мерц, едниот нив по име Адолф (ќе го видите) за да проверат дали е спремен да го пополни политичкиот вакуум во Иран. Епизодата со Заев нам сепак ниостанува најјака пошто на крај тие не му дигале телефон кога почнал да им досааѓа.

Рамштајн со стомачен вирус

За Маванг знаеме само дека е од Индонезија. За песната пак, немаме идеја како е настаната, што е мотивот и слично. Да замислиме едно можно сценарио: Маванг изел нешто бајато тоест расипано. Почнало да му се гади, да му се бурботи во мешето. Сакал да го овековечи тоа чувство, иако немал баш готов текст. Нема врска, еве го чувството. 

Штета што не веруваме во пеколот

„Храбриот“ Трамп уште нема сила да признае и да изрази жалење за оние кутри 165 (сто шеесет и пет!) ирански девојчиња на возраст од 7 до 12 години што загинаа во ракетен напад на нивното училиште. Подмолно, не еднаш туку двапати, за да се дотепаат оние кои преживеале и оние кои дошле да им помогнат. Ќе го прогонуваат ли тие нивни лица до крајот на животот? Не веруваме ама многу сакаме да е така.

Персискиот шмек на Game of Thrones

Рамин Џавади (татко Иранец, мајка Германка) е роден во Дуизбург, Германија, со summa cum laude завршува музика на Беркли во Бостон, под менторство на Ханс Зимер. Ја потпишува музиката на Iron Man, Westworld, Pacific Rim и House of the Dragon, но најпозната му е онаа од Игра на троновите. Овојпат, со дополнително локализиран аранжман на Реза Саџади, изведен од девојки на удирачкиот инструмент даф. 

Тие што имаат решетки на прозор нека одвојат малку време

Показна вежба најверојатно од Јужна Африка за ефикасноста (залудноста) на ставање решетки на прозор како заштита од крадци. Името на експертот е познато на локалните власти.

Рингтонот и идентитетот

Ниедна претходна медиумска технологија не била толку лична, персонализирана и интимна, но и толку споена со човечкото тело, како мобилниот телефон. Една навидум банална работа, изборот на рингтон, веќе некое време го тестирам од чиста љубопитност на јавен простор.

Европо, чувај ја оваа песна за нас

Ако ЕУ некогаш се реши да ни даде датум за почеток на преговорите (со опроштење на софра, голем кур), тоа не смее да биде проследено со ниедна друга песна, освен со „Final Countdown“ и не која било верзија, туку баш оваа! Да се знае, да се чуе и да се добие слика за каква тоа држава се работи!

Последната опомена од Орвел

Ако сакаш да ја замислиш иднината, замисли чизма врз човечки образ, засекогаш. Наравоучението е многу едноставно: Не дозволувај тоа да се случи. Од тебе зависи.

Гласот на ѕверот

На „Америка има талент“ излегува малата и слатка шестгодишна Аралин. Во придружба е со нејзиниот постар, деветгодишен брат. Поминува претставувањето и ред е жирито да го слушне тоа  нејзино слатко гласче.

Постојат ли Балканци на интернет или се тоа руски ботови?

Твитер будалетина кој се претставува како либерален интернационалист а на насловна ги има Бајден и Камала, објасни дека Балканот е многу сиромашен па тој се сомнева дека луѓето таму воопшто имаат пристап до компјутери и мобилни телефони. Не верува тој дека има многу Словени на Твитер кои пишуваат кирилица. Заклучок? Ќе да се тоа руски ботови.  

Ни Тесла не може да смисли тоа што мрзлив може да смисли

Тесла го има еден од најдобрите автопилоти во автомобилската индустрија. Некој Американец пак има Тесла, а има и куче што треба да го префрли не којзнае колку далеку, но нема време и/или волја за тоа. Чувствувате каде оди муабетот?

Уникатните специмени на Волмарт

На едната страна сме ние, во суштина паланка во која луѓе се ѕверат во секоја фризура или облека која е поинаква од она што тие навикнале да го гледаат во своето матично трло, па затоа на шопингот често се гледа како на одење на корзо, каде човек мора да е спремен и пицнат, мислиш може секој момент да го викнат на кастинг за Холивуд. На другата страна е Волмарт.

Божиќ во кола

Во декември 2006-та, сладуњавата божиќна песна на Мараја Кери стана првиот рингтон за мобилни кој беше купен 500.000 пати. 15 години подоцна, продажбата надмина милијарда. Пазете со какви фаци располага Џејмс Корден и замислете колку би било прејако со наши рокери вака да се отпее „Трба, трби, гевгелиско“.

Мис Универзум 2021 е право маче

Водителот Стив Харли разбрал дека новата Мис Универзум, 21 годишната Индијка Харназ Санду, била вешта во имитирање животни, па на сцена ѝ предложи да слушнат нешто од тоа. И онда оваа фати да мјаука (сосе шепите, боже ме прости).

Сквид гејм - вистинска

5.000 спонзорски долари во новчаници од по еден долар, фрлени на хокеарски терен за десет наставника кои ентузијастички ги трпаат под маица, па кој повеќе собере за својот клас. Зошто просто да не им ги дадат на сметка коа може да биде тоа  гладијаторски организирано? Затоа што има луѓе без памет. 

Песнава никогаш не звучела побожиќно

„Вам“ може ѝ ја извадија маста на „Last Christmas“ и заработија неброени милиони од нејзе, ама и покрај тоа никогаш не успеаа да ја пренесат божиќната атмосфера како дечково.

Кој тоа таму не се трпи?

Последниве месеци, дузина блиски соработници од екипата на Камала Харис дадоа откази, доверувајќи им се на новинарите дека жената е дијабола која нема идеја што прави освен стално да ги обвинува другите. Снимкава се толкува како најава дека и кај Бајден е созреана таа проценка. Ладно помина покрај неа и потоа смени столче, за да не седи до Камала. 

Талпата наречена Султан

Највисокиот жив човек на поланетава се вика Султан Косен и доаѓа од Турција. На последното мерење во 2018 година бил висок 250 сантиметри. Од Шекил О'Нил е повисок преку 30 сантиметри, но најдобра перспектива за неговата висина даваат фотографиите на кои се слика во секојдневно опкружување.

Фејсбук разговор за „возрасни работи“

Имам една дилема. Пред неколку дена добив барање за пријателство од господин кој има околу 25 години. Ме заинтригира зошто еден млад дечко сака да биде мој пријател, па прифатив.

Секогаш можете да најдете подобра работа

Секој ден е ист. Секој божји ден. Само 40 минути за ручек. Газдата ми дише во врат. Секогаш доцнам на семејните собирања. Секој божји ден, секоја божја недела. Од понеделник до сабота. А кога конечно ќе дојдам дома, повторно ме чека работа... Ви звучи блиско? Верувајте, не.

ИКЕА за премрзнати

Продавница на ИКЕА во Данска вон сите планови на една вечер се претвора во масовна спална и преноќилиште за триесетина муштерии и персонал кои останале заглавени по една неочекувано обилна снежна бура што го зафаќа градот Алборг.

Да не оди фира

За време на интервјуто, Ен-би-си ѝ дозволи на Хилари да прочита дел од потенцијалниот претседателски говор подготвен за победата на изборите во 2016. Да го слушаш везден овој глас, не од Моника Левински, од комодо драгон блоуџоб ќе прифатиш.

Како да му доловиш дека е глуп?

Во потрага по праведно решение за луѓето со кои тој има иста боја на кожа, овој прогресивен балван дошол до коперниканска идеја дека е тоа можно само ако црните деца се одвојат од белите деца. Тоа што тоа се вика расна сегрегација и е нешто против кое се бореле многу генерации пред него, ќе му стане јасно кога ќе му пресадат мозок.

Би јаделе ли човек во име на човекољубието?

Си немале Шведите свои проблеми па мислеле на тоа дали на планатева ќе имаме доволно храна за сите. МекКен Стокхолм им скоцкал кампања „Изеди Швеѓанец (може и Швеѓанка)“ за да покаже колку сме спремни да го смениме односот кон храната, дур има време. Главниот лик во мокументарецот е Александар Скарсгард, го знаете од Тарзан и Годзила версус Кинг Конг. 

Свињокољ е за шмизли

Колку само нестварно изгледа оваа сцена. Како да е дел од некоја руска документарна вeрзија на The Croods. Башка прашањето, од кај им бе на Руси - камила? А за љубители на големи работи, имаме и второ видео.

Кога животот ќе ти даде баг на пумпа, гледај да имаш резервоар од 1.000 литри

Финец некако начекува дека има грешка на една од пумпите на локалната бензиска, па литро бензин го наплаќа 0,014 евра за литар. Истиот овој магичен Финец има и резервоар од 1.000 литри. Го полни до горе за 14 евра (неполни 900 денари).

Една е мајка

Играч на англиски милионер заглавува на прашањето од што се прави шливовица (лесно е на македонски да се сетиш). Решава да повика пријател. „Сега ти треба некој јак пијач“, го советува водителот. Овој ја повикува мајка му.

Драма во два чина, за две нозе и четири тркала

Нашата планета се движи со брзина од околу 1.700 километри на час. Ние тоа не го чувствуваме, бидејќи сме дел од целиот тој забревтан комплет. Сè додека сме трезни. Кога човек е (многу) пијан, тој како физичко тело се осамостојува од комплетот и функционира како посебен објект, што доведува до големи недоразбирања меѓу него и планетата. Таа продолжува да пичи, тој не успева да ја стигне.