Путин на Русите им кажува кратко и јасно: Луѓе имам 2 лоши вести. Првата е дека има Господ, втората е дека сите умираме за 7 дена. Тоа ви е, ајт сега.
Бајден излегува пред Американците и им соопштува дека има една добра и една лоша вест. Добрата е дека има Господ, а лошата е дека сите ќе умреме за 7 дена.
Во Србија Вучиќ свикува итна конференција за печат, подготвува список на прашања што смеат да го прашаат, пред огледало ги вежба одговорите, па фацијални изрази, па воздивнувања со драмска пауза. Доаѓа на ред конференцијата и мелодраматично соопштува дека има 2 добри вести:
Првата е дека има Господ и тој е мој искрен пријател и брат, со кого конструктивно разговарав.
Втората добра вест е што успеав на Србите, не прашувајте како, да им средам да живеат уште 7 дена.