Речиси 1.000 борци од Азовстал се предадоа на Русите

Руското министерство за одбрана објави дека од понеделникот вечерта до денес над 950 борци од опколената челичарница во Мариопул им се предале на руските сили. Информацијата до сега не е потврдена од украинските власти. Се уште не е познато колку вкупно украински војници има во Азовстал.

Русите веќе побараа да не се дозволи припадници на баталјонот Азов да бидат дел од размената на воени заробеници.

18 мај 2022 - 12:28