Никој не би рекол дека зборовите стрес и романтика ќе влезат во иста реченица, а сепак, денес луѓето толку се возбудуваат на тоа дека се под стрес, дека имаат многу работа, дека матичната фирма ќе пропадне без нивниот труд што се поставува прашањето – дали го романтизираме стресот?
Црната манекенка од спорната реклама на Дав се побуни откако војниците за социјална правда го рашамараа брендот дека ја претставува нејзината раса како инфериорна.
Инспирација за раат. Има ли боље? Затоа што, не мора да го гледате текстов како опевање на процесот на шминкање. Само заменете го шминкањето со било кој друг дел од вашето секојдневие што барем одблиску делува на вас како што делува шминкањето на Гиан Јанкович од Базфид.
Утрово, Мерил Стрип даде изјава за Хафингтон Пост во која го осудува холивудскиот продуцент Харви Вајнстин за неговото наводно сексуално малтретирање на најмалку осум жени.
После сите ќеси за ѓубре, исечоци и лустери што ги видовме од Москино, во Милано се прошета нова колекција, што за жал најверојатно нема да може да ја видиме до пролет (дека имаме нели, неколку илјади евра на страна за неколку Москино парчиња). Овој пат, од-лич-но.
Или стварно се до толку без осет, или се совршено свесни што прават, затоа што нејасно е како може во толкава корпорација да не се најде еден што ќе каже „Дечки, рекламава е крајно расистичка.”
Една мајка на две деца од Базфид решава да се зафати со еден ризичен проект: цела недела на децата да им вика „ДА”, што и да им текне. Си поставува неколку правила за да не завршат со запалена куќа и почнува. Резултат: Чудни комбинации со храна за вечера, шетање на многу жешко време и прилично добар провод.
Аманда Нидеј е уметник од Орегон, со серија стрипчиња во кои ги замислува принцезите на Дизни како активистки за женски права, користејќи цитати токму од нивните цртани. Инспирирана е од големиот Женски марш од годинава и од многуте жени кои излегоа да кажат дека се присутни и дека се важни.
School of Life тврдат дека човек не се раѓа досаден не само тоа, туку и дека нема човек што е навистина таков. Тие напорни ликови што ги среќаваме секојдневно, секако стојат како еден контра-аргумент на ова тврдење, но сепак, општиот заклучок е дека само постои опасност да делуваш досадно, ако не си успеал да се запознаеш самиот себе.
Македонците почесто треба да пазарат на вакви места. Замислете само колку боја би добило нашето едно-те-исто секојдневие кога повеќе луѓе би биле отворени кон вакви симпатични работи? Зошто некој би се пенавел за политика 24/7, ако може да си ја раскаже последната дешавка со новите „нежни чорапи со чипка”?
Пред да стане синоним за Кери Бредшо и пред да стане серија, „Сексот и градот” се раѓа во главата на авторката Кендис Бушнел, кога била колумнистка за Њујорк Обзервер во ’90-ти.
Иронијата при ситуација каде што големите брендови ги копираат своите фалсификатори е што во случајов, лажното парче чини многу повеќе од „оригиналното”.
Откако дискутиравме дали модната недела е навистина важна и покривме улична мода во Лондон, ѕирнавме и Копенхаген што вика по ова прашање - на ред дојде градот над сите градови кога се работи за мода. И си однесе убедлива, неприкосновена победа. Зошто? Сеа ќе видите.
„За 15 години, можеби, Јутјуб ќе биде огромен. И одлично е сега да се создаде мрежа, да се земе моќта во раце и да се направи нешто поинакво. Сега треба да креирате сајт, или видеа, затоа што подоцна, тоа место ќе биде зафатено.”
Ако до тебе седи еден од најбрилијантните дизајнери на денешницата и ти дале (или сама си си дала) задача да го интервјуираш за последното што го направил, би требало да бидеш почестен, и да поставуваш занимливи прашања, притоа внимавајќи дека во тој момент тој е поважен од тебе и има повеќе да каже, така? Ако си оваа Лора Браун од Харперс Базар, не.
Учевме како се изговараат брендови, за еднаш засекогаш да престанеме да тресеме кога ќе одлучиме да се правиме паметни. Ама, зад истите тие брендови, стојат кошмарно покомплицирани имиња на дизајнери, од кои некои се толку напорни што не е ни криминално да ги згрешиш.
Најавено беше дека кога-тогаш ќе нè снајде мејнстрим мода закитена со крокс, ама дека Баленсијага ќе се одважи да пушти крокс со украси и огромна платформа на писта во Париз - не ни беше најавено.