Во 2025 влегуваме со црн лак на нокти

Црниот лак никогаш не се повлече комплетно од модните комбинации, ама сега и како тренд ќе го гледаме.

Црниот лак на кратко ја извади главата на површина како тренд, во еден ТикТок тренд наречен „Теорија на црниот лак“

Идејата е дека лакирање со црно (а за чудо, многу девојки за време на трендов ПРВ ПАТ ставаат црн лак) е инстант вбризгување на самодоверба „каква што имаат некои опасни девојки“. Се оди до таму да се објаснува дека со црниот лак на жените им се дава можност да им стане удобно во сопствената кожа и изборите што ги прават, а притоа да не дозволат никој (најчесто мажи) тоа да им го уништи.

Со вакви желби, плус нови влегуваме и во 2025. И не мора да значи дека е само до тежнеење кон самодоверба - едноставно, црниот лак си зрачи со јако, особено на кратки нокти и сега конечно ќе дојде до израз. 

Инспирација:

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Fliss Alton (@gelsbyfliss)

Лани, исто на 3-ти јануари, сме пишале:

Според некои следачи на трендови, црните нокти се меѓу најлесните начини да се додаде малку „еџ“ и софистицираност во изгледот, дури и да не сте навикнати на темни бои. И потоа, допрва се учат дека некои црни лакови се полупроѕирни, некои се со светки, а некои се комплетно мат и нудат избори што најверојатно уште на почеток на годината ќе ѝ дадат дополнителен буст на индустријата за нега на нокти. 

 А ако црн ви е многу, имаше и „Теорија на црвен лак“. А, во сродна категорија и „Застрашувачка шминка“.

3 јануари 2025 - 00:00