Црното беше за идејата дека ноар-маникир ти ја засилува самодовербата. Црвената почнува од ТикТок (а од каде инаку?) и се промовираат нокти во сите нијанси на црвено. Спротивната крајност лежи во теоријата дека, ако црните требаше да делуваат застрашувачки и самоуверено, црвените те прават попристапна, па, „ќе те канат на повеќе дејтови“. Може од старт звучи глупо, ама па постои и нешто подржано од наука (за разлика од ова) во однос на боите. Ако црно асоцира на чувство на моќ и авторитет, тогаш на што асоцира црвено?
„Црвената боја симболизира љубов и страст, а двете се силни чувства што можат да предизвикаат реакции,“ објаснува Мишел Нуен, експерт за нокти и основач на компанија за набавка на козметички производи. „Постои и концептот на неочекувано црвено, кога додаваш нешто црвено во инаку неутрална средина. Привлечно е и може да биде тема на разговор. Жена што носи црвено не се обидува да се претопи во гужвата.“
Иако различни, и двете бои асоцираат на безвременски квалитет. Да не беа, Лобутан немаше да ги искористи како комбинација за најпродаваниот модел.
„Асоцира на елеганција, со малку острина,“ вели Нуен. „Не можат сите да извадат 1200 евра за пар чевли, ама можат за црвен маникир.“