
Терминот постои дваесет години и е прифатен во медицинските кругови.
„Заедно со терминот андропауза, односно машкиот еквивалент на менопаузата, и ИМС е корисен термин за да се опише што им се случува на мажите додека им опаѓа тестостеронот и поминуваат низ хормонални промени.
Најчестите симптоми се:
- Промени во расположение, вклучувајќи и иритабилност, послаба мотивација и чувства на депресија
- Когнитивни промени како потешкотии во концентрација или проблеми со меморија
- Слаба енергија и истоштеност што не се објаснуваат само со ненаспаност
- Намалено либидо и помалку спонтани ерекции
- Загуба на мускулна маса и сила и покрај редовно вежбање
- Зголемени маснотии во телото, особено околу средината
- Прекин на сонот, несоница или неквалитетен одмор
Овие симптоми не се случуваат преку ноќ, бидејќи опаѓањето на машките хормони е постепено - врвот го достигнуваат во доцните тинејџерски години, во 30-тите е стабилно и почнува да опаѓа по 1% од 40 натаму.
Терминот го смислил Др. Џералд Линколн - шкотски научник кој истражувал нивоа на тестостерон и забележал дека мажите полесно се иритираат како што им опаѓаат нивоата. Слично забележал и кај елени, ирваси, па дури и индиски слонови.
Се работи за состојба на хиперсензитивност, анксиозност, фрустрација и лутина што се случува кај мажите, а се поврзува со биохемиски промени, хормонски флуктуации, стрес и губење на машкиот идентитет.
Има начин да се ублажи ова - некои мажи се одлучуваат за тестостеронска терапија, за која треба внимателно да се размисли и да се разгледаат опциите, а од полесните работи - се менува исхраната, се вежба, се менува животниот стил на подобро, се спие...
Она што е важно е да се разговара за андропаузата почесто, да не се пика под тепих и да не се смета за неважна. Не смее ни да се маргинализира само затоа што им се случува на мажи, чии состојби хронично се доведуваат во прашање или се отфрлаат.