Првите чевли во две бои, сега со потпис на Шанел се појавуваат во 1957 година. После безвременскиот „мал црн фустан“, твидот и штепуваните чанти како јорган, Габриел Шанел го комплетира списокот на „основни парчиња“ со овој модел што, како што вели Вог, може да се носи „од сабајле, до вечер“.
Во 1937, речиси 20 години пред официјалното појавување, чевлите веќе ги носела Коко Шанел.
„Наутро излегуваш во беж и црно, ручаш во беж и црно, одиш на коктел во беж и црно. Облечена си од наутро до навечер,“ има кажано при првата презентација.
Со посебно внимание на деталите ги дизајнира во беж боја за да се издолжи нивната форма, а со црно за да се скрати стапалото и да се заштити предниот дел од оштетување при долго носење.
Печатот ја нарекува „новата чевличка на Пепелашка“, а Коко Шанел уште еднаш ги ослободува жените од дотогашните стеги - до тој момент, женските чевли биле монохроматски, па морале да се носат на кројач.
„Најмодерен чевел е и прави нозете да изгледаат поубаво,“ има кажано Лагерфелд.
Дури и денес се прават во соработка со Масаро, а од моментот кога влегол во Шанел во 1983, Лагерфелд не престанал одново и одново да ги измислува - од сите варијанти, највпечатливи остануваат балетанките од 1986, сега веќе култни, а пуштиле и сандали, чизми, оксфордки и еспадрили.
Види и: Реставрирање на Шанел балетанки