И покрај нивното повлечено однесување, нивното насилно дело открило мрачна позадина, предизвикана од проблематично детство и тешки услови за работа.
Прво, биле родени во семејство што злоставувало - како деца искусиле негрижа и нестабилност од многу мали. Нивната мајка била емотивно недостапна и ја обвинувала постарата ќерка што таткото ја злоставувал. Ова довело до ситуација децата да се испраќаат по разни институции. На крај, Кристин и Леа завршуваат како куќни помошнички, па дури и ја издржуваат мајка им.
Во 1926, почнале да работат за семејството Ланселан, во Ла Ман, Франција; Кристин како готвачка, а Леа како слугинка. Работните часови биле претерано долги и строго ги контролирале. А, биле неразделни, едвај ја напуштале куќата и едвај имале комуникација со други луѓе. Таа изолација и интензивна врска веројатно придонеле и до влошување на нивната психолошка состојба.
На 2 февруари, 1933, се случила расправија, кога Мадам Ланселан видела дека има расипан осигурач, заради фалична пегла. Почнала да се расправа со нив, но ескалирало до насилен напад - сестрите ја нападнале госпоѓата, а и ќерка ѝ Жанвиев, за на крај да ги најдат претепани и искасапени со домаќински алатки како чекан и кујнски нож. Не можеле да ги препознаат.
После убиствата, сестрите ги нашле во нивната соба, смирени и без каење. Ги признале убиствата, кажале дека се предизвикани од лош третман и ментална болест. Кристин била потресена и самата си нанела повреда на окото додека била во притвор.
Судењето ја маѓепсало јавноста и се дебатирало колку има врска менталната состојба на сестрите и влијанието на нивниот близок однос. Кристин ја осудиле на смрт, што подоцна било преиначено во доживотен затвор, а Леа добила 10 години. Случајот фрла светло на класните проблеми, менталното здравје и потенцијалните последици од екстремна изолација и потчинетост.
Приказната на сестрите Папан и понатаму интригира и вознемирува, но служи како потсетник за тоа како општествените и семејните притисоци можат да кулминираат во трагедија.