Живееме во ера на хасл-култура, на работење деноноќно, на Базфид списоци со „10 работи што секој ЦЕО ги прави наутро“, плус милионерката Ким Кардашијан советува „да се мрдне газот и да се работи“. Но, со економска криза на грб и сметки од сите страни, се поставува прашањето: Паѓа ли конечно тој сјаен неолиберализам?
Работата во современи услови отсекогаш била неинтересна и експлоатирачка, но дури неодамна почувствувавме како цела индустрија реши да го искористи нашето незадоволство. Без разлика дали сте под стрес, дали некој ве малтретира, не ве плаќа доволно или ве гњави со премногу работа, интернетот со задоволство би ви тутнал книга за самопомош и би ви рекол дека таму лежи одговорот. Ако не е книга, тогаш е коуч на Инстаграм што ветува дека ако станеш во 5 и сплескаш смути, до вечер ќе имаш мултимилионски бизнис. Значи, ако работата не те исполнува, секогаш можеш да си почнеш твој бизнис на страна! Секој капиталистички проблем со кој се соочуваш, наводно се решава со… уште капитализам. А ако не ти успее решението, тогаш, мора да е до тебе. Како што ќе каже и Ким Кардашијан - „На никој не му се работи деновиве“.
Проблемот е што тоа „чепкање“, тој „side hustle“ уште се вика и „втора работа“, а нешто друго што се вика „прегорување“ е неизбежен исход кога ќе се преработиш. Но, хаштагливиот речник креиран од кариерната економија дозволува некои од нас, најчесто средна класа, белци и финансиски стабилни да ја надминат стигмата прикачена на „работење повеќе работи одеднаш“ и распаѓање.
Реалноста е дека можеш да работиш најнапорно што можеш, секој божји саат од денот и примањата не мора да значи дека ќе ти се зголемат колку што ти се зголемени трошоците. И многу е можно наскоро да треба сите да бараат втора работа за да преживеат. Ова за многумина одамна е реалност, но она што е невкусно и вреѓа е целата таа хасл-култуа и реторика. Плус, одлично им доаѓа и на шефовите и на политичарите кои, ако нè убедат дека сме бизнисмени, можат комотно да избегнат големи структурални промени, сè додека луѓето се обидуваат да се извлечат од неизбежна ситуација.
Работа што доволно плаќа и те третира добро, ти дава флексибилност и време да живееш комплетен и исполнет живот и ова не треба да биде „многу барање“. Не би ни требале втори работи и хоби-бизниси, кога би биле стабилни од старт. Работење подолго и понапорно никогаш не можело да нè спаси, но како што се зголемуваат и се интензивираат проблемите, ова никогаш не било појасно. Време е да се остави хасл-културата во минатото и да се замени со солидарност затоа што само колективно можеме да добиеме сила да се соочиме со тоа што доаѓа.