Разбиваме каубојски митови

Холивуд има извртено толку многу истории, што неизбежно е денес кога ќе се спомне каубој да се помисли на Џон Вејн. Талични Том. Клинт Иствуд. А врска нема.

Каубоите не биле ладни белци со безгранична независност. Напротив, биле главно црни, Мексиканци или домородни Американци кои кубуреле со пари и често биле на нискиот крај на социјалната хиерархија. Прво користеле камшици и кучиња за да го контролираат стадото, но подоцна, лазо станува ласо, капарахос стануваат капс, а сомбрерото се претвора во каубојскиот шешир што го знаеме денес.

Терањето добиток било многу тешко и им било под чест на „пристојните белци“. Каубоите всушност не биле икони на независноста, туку примале наредби како сите други и заработувале помалку од вработени во фабрика. Некои имале и по 12 години.

27 април 2023 - 12:42