Се гледа дека серијата Доктор Ху е неочекувано тактична во последно време - епизодите често се вртат околу патување назад во времето за предавања на тема климатски промени и расизам и сексизам. Затоа е и чуден еден настан во новите епизоди: Докторот, соочен со непријател чии физички карактеристики се скриени под воен шлем, се дере: „Извади го бе, шлемот!“, но кога непријателот ќе го послуша и ќе го открие грдото лице на еден Сонтаран, Докторот вели, „Уф, кога ќе размислам, врати го!“
Ништо страшно? Можеби. Но, само ако нема макар едно дете, било каде на планетава што барем најмалку личи на Сонтаран - а искрено, знеме дека има многу. Зошто тогаш Бибиси смета дека е океј да прикаже нешто што може да доведе баш тие деца да ги малтретираат на лулашки, кога се веќе така патолошки внимателни за било што друго што може во опасност да доведе други групи? Одговорот е, за жал, дека грдите луѓе се последното невклучено малцинство на британска телевизија.
Јас лично немам проблем со остриот пораст на диверзитет што го гледаме во серии и реклами, во последниве две или три години. Да, им се прави ќеифот, плус се попува на широките народни маси со тоа, но истовремено им дава и можност за работа на многу добри луѓе кои секогаш биле неферски тргани на страна. Само сакам да знам зошто, во време кога толку врие од разноликост на платно, не почнало да врие и од грди.
Презентерите, водителите, луѓето што кажуваат временска прогноза, ѕвездите во сапуници - не велам дека се сите авиони, но ќе ви текне ли на барем еден што не би му/ја наместиле на другар/ка, само врз основа на изглед? Сапуниците посебно имаат долга историја на ангажирање атрактивни луѓе како одметници со кои никој не сака да спие. Дури и во скапи драми се случува, како кога ја малтретираат (бившата манекенка) Ана Тејлор-Џој во Queen’s Gambit дека е „обична“.
И потоа, се разбира, рекламите - толку многу реклами - што сакаат да прикажат „реални“ луѓе, но всушност прикажуваат прекрасни дебели луѓе, прекрасни дамкави луѓе, прекрасни луѓе со хируршки реконструирани лица, итн. Единствените „домашни“ лица што ги пуштаат на телевизија се натпреварувачи на квизови, и тоа на квизови каде што на продукцијата не ѝ е дозволено да ги извади.
Можеби е вистина дека убавината зависи од тој што ја гледа, но и тие што гледаат се главно предвидливи. На сите ни е поубава Бијонсе од Кели Озборн, и дури и бебиња се смешкаат кога ќе им покажеш фотографии од конвенционално атрактивни луѓе. Еднакво е лесно да кажеш кои луѓе се грди - вистинското прашање е зошто се сметаат за невредни да добијат исто ниво на претставување на телевизија како и други малцински групи, и зошто никој не забележува дека се случува ова, а и никој не се ни жали? Ако има борец за социјална правда за секоја кауза, зошто никој не се бори за грдите?
Постојат историски периоди кога грдоста се гледала како физичка манифестација на морален распад или неделата направени во животот. Во денешно време, луѓето имаат тенденција да спојуваат грдост со глупавост. Но и двете реакции покажуваат на постоењето на нешто фундаментално во човечката психологија што нè тера помалку да им веруваме на тие што не ни се атрактивни. Тоа е најстара и најтешка за отстранување од сите предрасуди и никој не е имун. Многу од тоа што се смета за трансфобија на Твитер е всушност предвидливо гадење од глетката на грди мажи што се преправаат дека се убави жени. Но, нагонот да се дискриминираат грдите е толку исконски и длабоко вкоренет, што ја надминува и освестеноста на дури и најпосветените активисти на социјалните мрежи.
Што е иронично, бидејќи на некој свој начин, еднакво е лошо како расизмот, сексизмот или било која од другите фобии што не се базираат на страв, а за кои слушаме толку често. Грдите луѓе во животот постојано наидуваат на затворени врати, треснати во нивните грди лица - добиваат дури и потешки казни од судовите - благодарение на карактеристика која е случајна колку и нивната раса или пол. А еволуциската основа за оваа предрасуда доаѓа од многу едноставно место - потсвесната желба да се заштитат гените. Затоа, секогаш кога нема да му се насмевнете некому заради состојбата на неговото лице, да знаете дека всушност се работи за евгеника.
Како и со секоја предрасуда, единствен начин да се бориме со оваа е да ја препознаеме кај себе и да се погрижиме да не ни влијае толку на однесувањето. Но, за да се направи тоа, треба да си ги симнеме маските на момент и да ја прифатиме грдата реалност на она што отсекогаш се криело под нив.
...Уф, кога ќе размислам - вратете ги.