Како тинејџер, извесен Луис стига до 165 сантиметри и престанува да расте. Десет сантиметри е понизок од просечниот Британец и кога и да собира храброст да излезе, носи чевли со високи ѓонови. На дејтинг апликации му даваат и комплименти од типот: „Ти си добар дечко, заслужуваш да бидеш повисок.“
Неколку години претходно, Луис плаќа десетици илјади фунти за операции со кои му ги кршат нозете, па го прават повисок.
„Денот пред операцијата ме фати паника,“ вели Луис (име кое е изменето заради желбата на многу реалниот човек да остане анонимен). „Но, сепак навистина го сакав ова.“
Побарувачката за издолжување на нозете е во подем, особено меѓу младите мажи. Благодарение на технолошките напредоци, новиот став кон козметичките процедури и осетот за бизнис меѓу ортопедските хирурзи, клиниките ширум светот се натпреваруваат за пациенти. Сепак, постои и загриженост во врска со оваа индустрија - какво е тоа општество во кое потенцијално ранливи луѓе се редат за сериозна операција? И што е тоа што ги мотивира хирурзите да ја нудат?
„Она што ја движи индустријата е, за жал, кеш,“ вели Д-р Дрор Пејли, ортопедски хирург од Флорида и еден од најискусните за продолжување екстремитети. „Прв пат ортопедските хирурзи имаат парче од бизнисот на пластична хирургија, но тоа не значи дека ги бива. Всушност, пациенти се ловат како плен и ми доаѓаат со ужасни компликации.“
Самата операција е брилијантна во одност на медицинскиот инженеринг - и не е за тие со слаб стомак. Техниките и апаратите варираат. Верзијата на Пејли е клинови или шипки слични на оние кои се вметнуваат при сериозни фрактури. Но, кога ја буши коскената празнина и го набива клинот, истовремено и намерно ја крши коската на половина.
Умното доаѓа после самата операција - рачно контролирана направа се позиционира на ногата и креира магнетно поле. Ова активира магнетен навртувачки механизам внатре во клинот кој е телескопски. По милиметар на ден, преку три или четири активирања од по неколку минути, клинот ги одвојува двете парчиња коска. Телото создава ново коскено ткиво за да ја спои сè поголемата празнина.
Ова трае неколку недели и вклучува и период на релативна неподвижност, понекогаш и користење на количка, плус месеци физиотерапија за да се адаптираат мускулите. Штом ќе се заврши процесот на издолжување, се вади клинот.
Она што го загрижува Пејли не е растечката меѓународна конкуренција, туку фактот што општи ортопеди сè почесто се претставуваат како специјалисти, а немаат искуство, инфраструктура, ниту свест за компликациите. Можни се инфекции, згрутчувања на крвта, дислокација на зглобовите, а понекогаш и фатални состојби, каде што масното ткиво отстрането од шипката завршува во белите дробови. Постои потенцијал да се хендикепира пациентот и во Кина овие процедури се веќе забранети од 2006.
А издолжувањето на екстремитетите никогаш не требало да биде козметичка поправка - современите техники почнуваат во 1950-те, кога советскиот лекар Гаврил Илизаров измислил надворешен фиксаторски систем за повредени војници. Станал национално познат во 1967 откако го лекувал советскиот шампион во скок во височина Валериј Брумел, но бидејќи бил изолиран зад железната завеса, остатокот од светот го запознава многу доцна.
Меѓу првите заинтересирани се и несигурните во однос на висината. Др. Пејли вели дека првиот пациент му дошол во 1988. „Отсекогаш постоеше пазарот, но беше мал,“ вели тој. Со секој нов чекор во развојот, продолжувањето на нозете личело повеќе на футуристички телесен хак отколку на справа за мачење.
Додека хирурзите се рекламираат на Гугл и социјални мрежи, ниските луѓе откриваат цел нов свет - а и минско поле. Никој не ги брои процедурите во светот, но се смета дека илјадници секоја година легнуваат на кршење коски. Од нив, 95% се мажи.
Оној Луис од погоре жали само за едно - дека општеството го натерало на тоа. Сега му е добро, но подраго би му било без потрошено мало богатство на ризична операција.
„Ова многу влијае на луѓето,“ вели тој. „Се натажувам кога ќе ми текне колку безвредно ми предизвикуваа да се чувствувам. Само посакувам луѓето да беа малку пољубезни.“