Што значи автентичност?
Во „Искреност и автентичност“, книжевниот критичар и професор Лајонел Трилинг опишува како општеството во изминатите векови се потпира на посветеноста на луѓето што си ги исполнуваат своите улоги во животот, без разлика дали се ковачи или барони. Трилинг расправа дека луѓето во современите општества немаат многу волја да се откажат од индивидуалноста и всушност ја вреднуваат автентичноста.
Многу модерни филозофи исто така ја разбираат автентичноста како индивидуалност. На пример, Кјеркегор верува дека да се биде автентичен значи да се ослободиш од културните и општествените стеги и да живееш живот што сам ќе го изградиш. Хајдегер вели дека автентичноста е еднаква на прифаќање на она што си денес и бркање на потенцијалот што го имаш во иднината. Многу децении после Хајдегер, Сартр има слична идеја: Луѓето имаат слобода да се интерпретираат себеси и своите искуства како што им е драго. Значи да бидеш верен на себеси значи да живееш како личноста која сметаш дека си.
На овие различни перспективи, заедничко им е дека има нешто во човек што го претставува она што навистина е. Само да можеме да го најдеме вистинското јас, скриено зад лажното, би можеле да живееме совршено автентичен живот. Вака и современите психолози ја разбираат автентичноста.
Автентичниот карактер
Во обид да ја дефинираат автентичноста, психолозите во раниот 21 век почнуваат да карактеризираат како изгледа една автентична личност.
Се договараат за неколку критериуми: автентична личност е свесна за себе и сака да научи што ја прави она што е навистина. Кога автентична личност ќе дознае која е, има цел да биде неотповикливо тоа - бира да не се залажува себеси и да не ја извртува реалноста за себе. Откако ќе одлучи што ја дефинира, автентичната личност ќе се однесува на начин верен на тие карактеристики и ќе избегнува да биде лажна само за да им удоволи на другите.
Некои истражувачи ја користат оваа рамка за да создадат скали за мерење што тестираат колку е некој автентичен - се третира како психолошка карактеристика, како дел од нечиј карактер. Сепак, некои научници сметаат дека има нешто повеќе во автентичното искуство - нешто што надминува обични списоци со карактеристики или одреден начин на живеење. Сметаат и дека традиционалните дефиниции не се доволни. Од овие причини предлагаат дека автентичноста може да биде чувство што луѓето го интерпретираат како знак дека она што го прават во моментот е на иста бранова должина со нивното вистинско јас.
Што е поважно, овој поглед нe бара луѓето да знаат што е тоа, ниту да имаат откриено. Според ова гледање, автентична личност може да гледа во многу различни правци - сѐ додека е тоа автентично.
Поточно, тврдат дека тоа чувство на автентичност е пред сѐ чувство на флуентност. Како кога спортуваш нешто, или читаш книга, или разговараш - и го имаш тоа чувство дека е баш - таман.
Колку и да звучи романтично да имаш вистинско јас што само се крие зад едно лажно, веројатно не е така едноставно. Но, тоа не значи дека автентичноста не треба да биде нешто кон кое се стремиме.
Барање на флуентност и избегнување внатрешен конфликт е веројатно одличен начин да се остане на патеката кон вистинското себе, да се бара она што е морално добро и да се препознае кога си „на вистинското место.“
Но, кога ќе почнете да го барате тоа себе, во море од промени, многу лесно можете да се почувствувате како Алиса во Земјата на чудата. За среќа, новиот научен свет вели дека ако дозволите чувствата на флуентност да ве водат, сепак на крај може да го најдете она што цело време сте го барале.