- Сите го осетивме вонсериското влијание на денот кога излегоа „Барби“ и „Опенхајмер“, ама никој повеќе од една Барбара Опенхајмер. Да, така се вика. Таткото на сопругот на Барбара му е трет братучед на Џ. Роберт Опенхајмер, па од таму и презимето, плус да не забораваме дека целото име на куклата Барби е Барбара.
- Во интервју за Слејт зборува како ѝ влијаело Барбенхајмер-летото:„Пријатели од факултет од цел свет ми пишуваа тој викенд. Многу е смешно! Брилијантно беше што заедно ги пуштија. Луѓето се вратија во кино.“
- Биле да го гледаат „Опенхајмер“ за да видат како е истретирана приказната, а две недели подоцна и на Барби и двата филма ги воодушевиле на различен начин.
- Летово на одмор кога дошла во хотелот и пробала да се чекира со име и презиме, рецепционерот ја прашал дали го заебава нешто.
- Фотографот Дерек Ц. Бласберг, денес соработник во Харперс Базар меѓу 2009 и 2012 се шетал со Канон Пауершот и го документирал светот на модата, уметноста и ноќната сцена во Њујорк.
- Книгата се вика Fast + Louche и е колекција на слики што ги правел за колумна со истиот наслов за магазинот Интервју.
- Самата колумна се развива од историјата на Интервју - Ворхол кој го има основано магазинот бил опседнат со дкокументирање на сопствените „излегувања и влегувања“.
- Книгата е сега сведоштво на едно друго комплицирано и слоевито време - далеку поедноставно од ова денес.
- Додека Лорен Безос (сегашната сопруга на Џеф Безос) се мачи да ја прифатат на холивудската и модната естрада, Мекензи Скот (бившата) се заветува дека „има да подарува додека не пресуши“.
- Ако само лани вкупните донации достигнале до 19,2 милијарди долари, скоро една третина - 7 милијарди - е од Мекензи Скот.
- Безос се ожени за неа во 1993, една година пред да го основа Амазон во нивната гаража дома. Имаат три сина и ќерка и се разделија во 2019.
- Скот, која сега има 56 години има донирано над 26 милијарди на над 2700 организации.