- Концептот не е нов, но тоа не значи дека хаштагот #timeblocking не доби милиони прегледи периодов на ТикТок. Се работи за организација на времето, со помош на календар, каде што си го делиш денот на блокови. Сме го имале и долго пред дигиталните календари и апликации, но бидејќи е корисна работа, повторно добива на популарност од денешните инфлуенсери.
- „Наместо список на обврски, на задачите им давате блок од време во календарот. Обично и се кодира по боја и по задача (бркање документи, семејни обврски, рекреација...),“ вели Тим Пајчул, психолог и автор на Solving the Procrastination Puzzle.
- Според експертите, оваа тактика, доколку правилно се употребува може многу да помогне на луѓе што постојано се чувствуваат прегорено и под стрес од работата.
- Фотографот Дерек Ц. Бласберг, денес соработник во Харперс Базар меѓу 2009 и 2012 се шетал со Канон Пауершот и го документирал светот на модата, уметноста и ноќната сцена во Њујорк.
- Книгата се вика Fast + Louche и е колекција на слики што ги правел за колумна со истиот наслов за магазинот Интервју.
- Самата колумна се развива од историјата на Интервју - Ворхол кој го има основано магазинот бил опседнат со дкокументирање на сопствените „излегувања и влегувања“.
- Книгата е сега сведоштво на едно друго комплицирано и слоевито време - далеку поедноставно од ова денес.
- Додека Лорен Безос (сегашната сопруга на Џеф Безос) се мачи да ја прифатат на холивудската и модната естрада, Мекензи Скот (бившата) се заветува дека „има да подарува додека не пресуши“.
- Ако само лани вкупните донации достигнале до 19,2 милијарди долари, скоро една третина - 7 милијарди - е од Мекензи Скот.
- Безос се ожени за неа во 1993, една година пред да го основа Амазон во нивната гаража дома. Имаат три сина и ќерка и се разделија во 2019.
- Скот, која сега има 56 години има донирано над 26 милијарди на над 2700 организации.