Израелката Гал Гадот ја бранеше својата намера да ја глуми Клеопатра по обвиненијата за whitewashing, поточно, светот се преврте наопаку предлагајќи црнкињи и Арапки, заборавајќи дека Клеопатра е всушност - од македонска династија.
„Прво, ако сакате да бидете верни на фактите, Клеопатра е Македонка,“ изјави Гадот за Бибиси.
И ќе додаде:
„Баравме македонска актерка што би одговарала. Немаше, а мене ми е многу важна Клеопатра.“
Инаку, контроверзите почнаа во октомври откако Гадот најави дека ќе се појави во филмот и ќе биде ко-продуцент. На Твитер неуките сметаа дека треба да биде од африканско потекло, но во 2008, египтологот Сели Ен Ештон од музејот Фицвилијам од Кембриџ направи реконструкција на лицето на Клеопатра врз основа на слики и артефакти и резултатот беше мешано етничко потекло.
„Веројатно не била ни комплетно Европјанка,“ вели Др. Ештон за Дејли Мејл. „Мора да земеме предвид дека нејзината фамилија живеела во Египет веќе 300 години кога таа дошла на власт.“
Види и: Клеопатра и митот за расите