„Машки свет“: Видеото што ја избезуми Германија

На тема сексуално малтретирање, видеото прикажува со какви напади се соочуваат жените во Германија на интернет секојдневно. Емитувано беше во ударен термин во живо на телевизија и стана вирално. Мажите - шокирани, жените - со прашалници дали ова ќе промени нешто.

Видеото почнува со спремна замрачена уметничка изложба, со една навидум бескрајна галерија на непоканети дик пикс - слики што од пениси што мажите им ги праќаат на жени.

„Ова може да е една од најстрашните, но истовремено и најпотребни изложби во светот,“ коментира авторката и новинарка Софи Пасман пред гледачите.

Двајца германски комичари, Јоко Винтершајт и Клаас Хојфер-Умлауф добиле можност да прават што сакаат во медиумски простор од 15 минути. Двајцата се познати по привлекување помлада публика со пранкови и џекес-финти, па природно е што публиката беше изненадена: Времето ѝ го поклониле на 26-годишната  феминистка Софи Пасман, која во Германија е позната по незјините излагања на социјалните мрежи и како радио-водителка и авторка, а лани објави книга „Стари бели мажи“, каде што интервјуира популарни мажи на тема феминизам.

Како водител на изложбата, ги води гледачите низ 15 минутен видео-сегмент, низ изложбите кои вклучуваат мизогини Јутјуб коментари и заканувачки смс-пораки. Изложбата завршува со облека која жени ја носеле кога биле силувани - како на пример, костим за капење, матурски фустан и пижами.

Откако го емитуваа шоуто, хаштагот #Maennerwelten (или Машки свет) беше трендинг со денови на германскиот твитер. На Јутјуб има над 4 милиони прегледи откако е објавено и додаден е англиски титл.

Предизвика жени од цел свет да споделат приказни на социјални мрежи, со сопствени скриншотови од малтретирање кое го доживеале од непознати мажи.

Мажите се со вилици до земја:

„Едноставно неверојатно… јас сум маж од 20 и кусур, чувствувам само срам и гадење,“ вели еден коментар.

Проблемите со сексуално малтретирање и напади претходно во детали се дебатирани во Германија, па набљудувачите се изненадени од реакцијата на видеото на Пасман.

„Мислам дека она што се постигна е многу мажи да разберат дека секој од нив познава барем една жена што ги имала овие искуства,“ вели Рикарда Ланг, портпарол на Гринс за женски политики. Забележува дека проблемите остануваат, а решение треба да се бара на политичко ниво. „За жал, сѐ уште имаме ситуации каде што дигиталното насилство не се сфаќа сериозно од власта,“ вели таа. „Прво ни треба добра опрема и персонал, како и обука на полицијата како да се справи со сексуални насилства, особено со дигитално насилство.“

Сега пораката е дека време е мажите да преземат иницијатива.

Нилс Пикерт, автор и член на анти-дискриминаторската организација ПинкСтинкс, вели дека повикот на некаква акција особено се однесува на мажите кои го препознаваат проблемот, но не им се спротиставуваат на нивните пријатели.

Но, културолошкиот научник Мадита Оеминг бара поширок спектар на искуства да влезат предвид, особено на групите најподложни на насилство.

Гласовите на небели жени, жени со посебни потреби, транс жени и други во ЛГБТ+ заедницата не се застапени во „Машки свет’, како што објаснува и дури и една реченица која би ги спомнала маргинализираните заедници би направила разлика.

Кон крајот на видеото, Пасман на гледачите им кажува дека и таа и водителите се свесни дека 15 минути во ударен термин нема да го сменат светот. „Затоа што за жал, машки свет е трајна изложба што не може да се ограничи на неколку минути на телевизија и на неколку соби, но ќе продолжи и за време и после ова шоу.“

„Веројатно ќе мораме да го трпиме срањево уште некое време - но не мораме да го прифатиме.“

Клипот е крајно незгоден, но со оглед на тоа што меѓу вас има луѓе комплетно изолирани од овие секојдневни проблеми, повелете:

Додека сте тука: Не е разголеното девојче она што го прави светот опасен за живеење

26 мај 2020 - 18:11