Другарките на Кери Бредшо не постојат

Фановите слават за новото враќање во светот на „Сексот и градот“, овој пат со посетување на ликовите во нивните 50-ти, па пригодно ви носиме вакви нови разонодувачки дилеми.

Теорија: Миранда Хобс, Саманта Џонс и Шарлот Голденблат се измислени и сите три се дел од карактерот на Кери Бредшо.

Веројатно ваквите размислувања се инспирирани од умното поставување на серијата, чија привлечност се должи и на тоа што како ретко кога во ‘90-те, за главните улоги беа избрани далеку од совршени жени, и физички и психички, секоја со различен карактер. А всушност како секоја од нив да претставува еден аспект од она што се содржи во карактерот на современата жена - интроспективна, сексуална и амбициозна, а на крај приклештена од она што општеството го бара од неа. 

Њујоркер ќе пише:

Наспроти тоа, Кери и нејзините другарки – Миранда, Саманта и Шарлот – беа малку поинакви, оштетени, агресивни и понекогаш и застрашувачки фигури, како огледало за шминкање со неонски ламби. Беа истовремено реални и апстрактни, емотивно комплексни и филозофски стилизирани. Жените се идентификуваа со нив – „Јас сум Кери!“ – но потоа се разбеснуваа кога им ги истакнуваа недостатоците. И, со исклучок на Шарлот, мажите не ги сакаа: имаше бескрајно многу сурови шеги за Саманта, Миранда и Шарлот, како курви, хејтери на мажи или спонзоруши.

А Емили Нусбаум, во неуспешен обид да направи презрив осврт на серијата, сепак пофаќа нешто:

„Сексот и градот е како една туристичка кампања со ликови со кои еднакво можеш да се поистоветуваш и како сотие одЗлатните девојки: Курвата, Светицата, Кариеристката и Хероината. Само што, зборуваат поексплицитно, и тоа за нивните тела, но и за желбите и незадоволствата надвор од спалната соба, повеќе од било кои жени досега на телевизија.“

Во освртот подоле, се разработува теоријата на Миранда како глава, Шарлот како срце и Саманта како либидо. Ликот на Кери е (не)совршен баланс на сето тоа:

Види и: Има четири типови на жени

Плус, околу влијанието на серијата и раѓањето на инфлуенсерството - тука.

12 јануари 2021 - 14:02