„Јадењето на стапот“ овде се преточува во несигурности, споредби и разочараност на „зошто не сум како тој и тој“, кога објаснувањето, веќе стотици пати повторено е: тие луѓе имаат цели тимови што се грижат за нивниот изглед, од готвач, до тренер, до шминкер и фризер, и на крајот на краиштата, ако ги мрзи сето горенаведено - имаат и хирург.
Каролина Зебровска, моден историчар со одлични занимливости на нејзиниот Јутјуб канал, ја отвора темата на „не си грд, само си сиромашен“, и расправа дека не е секогаш убавината врзана со парите, туку нешто што и биологијата го налага - со младоста.
Конкретно, и стотици години уметност ни го кажуваат тоа - во уметноста најчесто имаме млади, а припадници на сиромашна или работничка класа - главно затоа што високите кругови сметале дека е непристојно да позираш за уметници.
Истовремено, логиката од насловот е таа: Колку и да си млада и згодна, ако работиш во некоја фабрика во викторијанско време, многу поголем проблем ти е како ќе ги прехраниш 11-те деца што ти се дома, отколку дали ти е негувана кожата.
Денес, во голема мера важи истото.