Дали сте во еднострано пријателство?

Кога едниот се труди, а другиот едноставно - не.

Пријателствата, како и романтичните врски, функционираат само ако и двете страни вложуваат. Понекогаш, како и кај љубовните врски, се случува еден пријател да вложува повеќе од другиот - можеби не расправате за пружање алишта, или миење садови, но еден од вас постојано проверува како е другиот, памти родендени, планира излегувања и испраќа поддршка во тежок период, додека другиот… едноставно прима.

Психологот д-р Санам Хафиз од Њујорк објаснува дека знаците на едностранoто пријателство можат да бидат многу јасни, ако внимателно се набљудуваат:

  • Само ти се јавуваш.
  • Ти секогаш планираш излегувања.
  • Тој/таа никогаш не се сеќава на твоите родендени или годишнини.
  • Секогаш мора да потсетуваш за наједноставни работи.
  • Има периоди кога исчезнува, па се враќа како ништо да не се случило.
  • Не се радува искрено на вашите успеси.
  • Се јавува само кога му треба нешто.
  • Не ги исполнува своите ветувања.
  • Никогаш не се интересира за твојот живот.
  • Емоционално исцрпува.
  • Ти е страв да се конфронтираш со него/неа.
  • Услугите остануваат невозвратени.

Што се прави во ваков случај?

Клучот е јасно поставување очекувања и комуникација. Д-р Хафиз предлага пет стратегии:

  • Ако секогаш ти се јавуваш: Намали со повици и провери дали другата страна ќе иницира.
  • Ако секогаш ти планираш: Побарај да учествува во планирањето на излегувањата.
  • Ако заборава важни датуми: Сподели колку ти значи да му/ѝ текне.
  • Ако секогаш мора да го потсетуваш: Директно побарај навремени одговори.
  • Ако не помага при патувања или активности: Договори се за заеднички одговорности.

Пријателствата кај возрасните се базираат на вложен напор и реципроцитет. Дури и ако некој период една страна е помалку присутна поради работа или лични причини, тоа е нормално. Но ако едностраните знаци се постојани, можеби е време да го вратите пријателството на пониско ниво и да го сведете на познанство, без чувство на вина, и да се фокусирате на луѓето кои се подготвени да вложат исто колку и вие.

22 август 2025 - 00:00