Да ви одговара со брановидните веѓи

Брановидни усни, октопод-усни… Ново е да. Среќа па, најверојатно е и лажно, колку што е ново.

Во 2017-та се појави оној тренд за веѓи во вид на бранови, се разбира, само на Инстаграм - не видовме ниедна продавачка во бутик, професор во средно или тип во месара со веѓи во цик-цак.

Е па, сега, повторно на Инстаграм, се појавуваат и усни со шпицови, како тренд најверојатно почнат во Русија, наводно од страна на рускиот пластичен хирург Емелијан Брод. Процедурата би требало да инволвира вбризгување филер во усните за да се добие тој ефект на - бран.

Зошто?

Не се знае.

Пребарување по хаштаг на Инста ќе ве донесе до овие слики, со измешани реакции од следачите - едни викаат бизарно и глупо, други тврдат дека фотографиите им причинуваат „неочекувано естетско задоволство”.

Сепак, фала богу, освен можеби неколку екстремни случаи, цело време се работи за фотошоп.

Една Др. Кристина, козметички стоматолог се буни против трендот, макар и дигитален:

„Не можете да ја смените анатомската форма на усните на овој начин,” објаснува таа. „Можете да ги изострите и да ги контурирате, но овие „ѓаволски усни”, како што ги нарекуваат, се неприродни. Неадекватно инјектиран филер може да заврши во крвен сад, да предизвика запушување и да доведе до некроза (смрт) на ткивото. Садовите се околу усните, па може да дојде до нешто вакво.”

Така, значи.

Добредојдовте на Инстаграм понекогаш познат и како „нешо да се дешава.”

Имавме и:

Гајтан

Перики

и

Ова

6 декември 2019 - 13:32