Стид се разбира се шегува (иако пола шала - вистина) во врска со неговиот пријател Ентони Бордејн, кој се самоуби во 2018. Поради операција на жолчката, Стид морал да се повлече од режирањето на епизодата на Бордејн во Хонг Конг, па Бордејн инсистирал да го замени девојка му Асиа Арџенто.
„Знаев дека е осудено на пропаст,“ вели Стид. Во еден момент, Арџенто го има натерано Бордејн да го отпушти и долгогодишниот директор на фотографија Зак Замбони.
„Аларм ми се вклучи кога ја снимаа епизодата во Хонг Конг, таа што ја режираше Асиа,“ вели Лизи Фокс од Сиенен. „Само поради тоа што се случи на тоа снимање, како сѐ се заврши. Тоа ми беше прв лош знак.“
Трет човек од интервјуираните прави споредба со Јоко Оно на снимање со Битлси.
Она што може да се извлече од интерјвјуата е мислењето дека Бордејн се вљубил во Арџенто на штетен, сеопфатен начин. „Беше брилијантен, но кога се работеше за љубов како да се враќаше на 17-годишна возраст и не можеше против тоа и не сакаше да слуша,“ вели режисерката и продуцентка Хелен Чо. „Ги отфрлаше луѓето, луѓе што му беа лојални со години. Ја напушти базата. Не беше како што треба во главата.“
Ова чувство се повторува постојано. Среќа па има и пријатни сеќавања, како на пример од ќерка му Аријан Бусиа-Бордејн и втората жена Отавија Бусиа-Бордејн. Дека играл со ќерка му и се шегувал дека се семејство чудаци.
Целиот извадок е тука.