Вести › Набрзинка
Таткото на Вања одби да му одговара на Палевски
-
Љупчо Палевски-Палчо: Дали сте слушнале дека сум имал комуникација со било кој член од вашето семејство?
Александар Ѓорчевски: Јас како што кажав ниту ве знам ниту ве познавам, за прв пат ми бевте посочени како монструм во полициска станица, првпат ве видов тука во судница, ниту па знам човек што ве познава вас вклучително и моето семејство. И би ја искористил можноста да не одговорам на ваши прашања, инаку секое моj нареден одговор ќе гласи исто.
-
После ова Палевски рекол дека сака да се откаже од прашањата.
-
„Не сакам да го вознемирувам човекот кој е неправедно обвинет“, рече Палевски, но судијата Стефановски го охрабри да продолжи со прашањата.
-
Посебна приказна е обвинителката Жаклина Крстевска-Јосифовска која најмногу прашања имала за становите и нивното префрлање на децата.
Таткото на Вања: Ако полицијата го бараше исчезнатото возило, сега ќе зборувавме само за убиство на Панче
- Обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на убиената Вања, кажа дека е пропуст на полицијата што не го барале возилото на Панче, и ако го нашле, во тој случај Вања немало да биде киднапирана и убиена.
- Тие нè испрашуваа со колку недвижен имот располагаме, кој колку возила има, не им беше за верување дека Зорица превела стан на мое име, и од самиот почеток почувствував дека се сомневаат во мене, кажа тој на сведочењето.
- Таткото на Вања откри и дека самиот барал да биде ставен на детектор на лаги.