- Земјотрес со интензитет од 6,0 Рихтери изутрината го погоди регионот на грчкиот остров Крит, но нема информации за повредени лица или сериозна штета.
- Жариштето било на длабочина од 64,4 километри, а епицентарот 19 километри јужно од малиот остров Касос.
- Предупредувањето од итните служби за можно цунами било превентивно. Не се забележани големи бранови.
- Потресот бил почувствуван во Турција, до Израел на исток и до Египет на југ.
- Ова е изолиран инцидент. Нема значителна секвенца ниту афтершокови, изјави сеизмологот Ефтимис Лекас.
- Тој тврди дека земјотресот кај Крит не е поврзан со сеизмичката активност кај Санторини: „Геотектонскиот контекст е сосема поинаков“.
- Излегував од кино, кога слушнав реченица: „Филмов беше срање“. Филмот навистина беше лош, филмска катастрофа, ама никој не рече „катастрофа“: младите луѓе се навикнати да го користат зборот „срање“ за секоја ситуација што не е пријатна. Ако имаат проблем со законот, се степале па дошла полиција, велат „настанаа срања“ (множина).
- Повеќемина пријатели ми забележаа дека укажувам само на РАЗЛИКИТЕ, а не и на сличностите меѓу стариот изумрен и новиот прекрасен свет, меѓу светот на мојата и светот на младите генерации. Затоа, во оваа колумна тврдам: ако нешто остана исто и во вчерашниот изумрен и во сегашниот прекрасен нов свет, ако нешто преживеа – тоа е овој збор. „Срање“.
- Не само зборот туку и нештата што се означуваат со него. Еден вид константа на световите, без разлика кој владее со нив.
- Астронаутите на Артемис II кои сега се наоѓаат поблиску до Месечината отколку до Земјата, се соочуваат со многу овоземен проблем: нужникот не им работи.
- Проблемите настанале веднаш по полетувањето а од тогаш тоалетот те работи, те не работи.
- Астронаутите пријавиле непријатен мирис а капетанот на посадата уверува дека се добро и дека се тренирани за разни предизвици.
- Дописни водоводџии на НАСА претпоставуваат дека мраз ја има заглавено одводната цевка.